Author: dino

Фудбалерот, Тимо Вернер, ќе се врати во РБ Лајпциг откако луѓето од Челзи се согласиле да се финишираат преговорите. Напаѓачот ќе се врати во тимот од Германија по само две сезони откако беше купен од лондончани за 53 милиони евра. Вернер за „сините“ одигра 89 дуели со ефект од 23 гола и 21 асистенција. Во дресот на РБ Лајпциг има поминато четири сезони со 159 натпревари во кои постигна 95 голови и направи 40 асистенции.

Read More

Дрис Мертенс и  Лукас Тореира деновиве треба да стават потпис на договорот со турскиот фудбалски гигант, Галатасарај. Двајцата вчера пристигнаа во Истанбул и беа пречекани од поголема група на навивачи. – Многу сум задоволен од пречекот, изјави Тореира. – Беше прекрасно чувството да се сретнам со поддржувачите и да ја видам нивната возбуда“ – потенцираше и Мертенс кој дојде како слободен играч и ќе потпише договор на 1+1 година. Уругваецот беше купен од Арсенал за 6-7 милиони евра плус бонуси. Тореира ќе потпише договор за три сезони.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, не штедеше на комплименти за неговите избраници по вчерашната убедлива победа кај Ајнтрахт Франкфурт со 6:1 на стартот на Бундес-лигата. „Одигравме извонреден натпревар и покажавме многу енергија. Фудбалерите се среќни. Сите во тимот се амбициозни и мотивирани“ – изјави Нагелсман. „Одлично е што головите доаѓаат од различни играчи. По разделбата со Левандовски, моравме да промениме нешто. Се надевам така ќе продолжиме“ – вели младиот тренер на клупата на Баварците.

Read More

Марк Кукуреја кој од вчера е нов фудбалер на Челзи, напиша на социјалните мрежи дека му се исполнил сонот од детството бидејќи сакал да настапува токму на стадионот – „Стемфорд Бриџ“. „Здраво, сини ! Конечно сум тука. Многу сум среќен што дојдов и исполнив еден од моите детски соништа – да играм за Челзи“ – напиша Шпанецот на социјалната мрежа –  „Твитер“. Дефанзивецот е еден од најскапите трансфери што ги има направено екипата од Лондон. Челзи за неговиот потпис му плати на Брајтон околу 65 милиони евра.

Read More

Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, потврди дека календарот за наредната година ќе биде готов во октомври. Италијанецот на последниот видео-состанок со инвеститорите, објави дека може да има најмногу 24 трки. „Сакаме да го задржиме вистинскиот баланс и рамномерно да ги распоредиме трките низ целиот свет“ – вели првиот човек на Ф1. Сезоната ќе трае од март до ноември.

Read More

Гери Невил кој на времето играше со Кристијано Роналдо, не штедеше критки за Португалецот и неговото непрофесионално однесување во текот на летото што максимално ги разочара луѓето од Манчестер Јунајтед. Невил кој вчера беше во улога на стручен коментатор на дуелот Кристал Палас – Арсенал на стартот на новата сезона во Англија, вели дека однесувањето на Роналдо му прави штета на тимот. „Разочаран сум од него затоа што направи хаос и дозволи на менаџерот да му се поставуваат непријатни прашања. Можеше сам да излезе на интервју“ – вели Невил.

Read More

Македонскиот репрезентативец,Ердон Даци, ги скинал предните вкрстени лигаменти и ќе мора да паузира подолг период, објави денеска фудбалскиот состав Вестерло. Тоа значи дека Даци ќе мора да оди на подолг процес на рехабилитација и нема да може да настапува за тимот од Белгија и нашата селекција најмалку до крајот на годинава. Повредата на Даци е една од најтешките што може да ја добијат спортистите.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека Бернардо Силва треба да остане во клубот иако се појавија шпекулации дека може да си замине од стадионот – „Етихад“. „Секако дека би сакал Бернардо да остане но, искрено, не знам што ќе се случи“ – вели шпанскиот тренер на клупата на „граѓаните“. „Го сакам најдоброто, сакам и Бернардо да остане, 100 проценти сакам“ – категорично нагласи менаџерот на Манчестер Сити.

Read More

Возачот во Формула 1, Мик Шумахер, кој има договор со Хас до крајот на сезоната, може да остане без екипа за наредниот шампионат. По сите турбуленции што ги наметнаа Фетел и Алонсо, екипите прават различни стартегии во кои дефинитивно не влегува синот на легендарниот Михаел Шумахер. Младиот Германец во тековнава сезона има освоено само 12 бодови и се наоѓа на 15-то место на табелата.

Read More

Германската фудбалска легенда, Карл-Хајнц Румениге, кој на времето настапуваше за екипата на Интер, се осврна на враќањето на Ромелу Лукаку во редовите на миланскиот состав.  „ Добро направи што се врати таму каде што имаше голем успех. Мојот пријател Марота направи голема работа. Го продаде пред една година по исклучителна цена и го врати за речиси ништо“ –  нагласи Румениге и направи споредба околу елитните шампионати. „За жал на Серија А и Бундеслигата, се чини дека Премиер лига е на повисоко ниво. Италија и Германија да се обидат да се доближат до англискиот модел“ – изјави Румениге за медиумите на…

Read More