Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, потврди дека календарот за наредната година ќе биде готов во октомври. Италијанецот на последниот видео-состанок со инвеститорите, објави дека може да има најмногу 24 трки.
„Сакаме да го задржиме вистинскиот баланс и рамномерно да ги распоредиме трките низ целиот свет“ – вели првиот човек на Ф1.
Сезоната ќе трае од март до ноември.