Возачот во Формула 1, Мик Шумахер, кој има договор со Хас до крајот на сезоната, може да остане без екипа за наредниот шампионат.
По сите турбуленции што ги наметнаа Фетел и Алонсо, екипите прават различни стартегии во кои дефинитивно не влегува синот на легендарниот Михаел Шумахер.
Младиот Германец во тековнава сезона има освоено само 12 бодови и се наоѓа на 15-то место на табелата.