Author: dino

Поранешниот фудбалер на Челзи и на Арсенал, Вилијан, кој сега настапува во татковината за екипата на Коринтијанс, ќе добие понуда повторно да заигра во Премиер-лигата, најавија медиумите на Островот. За неговиот потпис е заинтересиран составот на Фулам кој успеа да се врати во елитата на Англија. 33-годишниот  Бразилец во договорот со сегашниот клуб има ослободителна клаузула во случај да добие  понуда од Европа. Вилијан помина девет години во Лондон носејќи ги дресовите на „сините“ и на „топчиите“.

Read More

Кошаркарот, Горан Драгич,  кој деновиве го финишираше трансферот во екипата на Чикаго Булс во НБА лигата, потврди дека ќе го носи дресот на Словенија на претстојното Европското првенство.   Тоа значи дека 36-годишниот ветеран и првата ѕвезда на „змајчеки“, Лука Дончиќ, треба да бидат главното оружје што ќе ја однесе балканската селекција до врвот на Европа. Словенија на Европското првенство ќе се појави во групата Б која е закажана во Келн (Германија). Таму покрај со домаќинот, ќе има мечеви и со Унгарија, Литванија, Босна и Херцеговина и Франција.

Read More

Шведскиот напаѓач, Јаспер Брет, одлучи да остане во екипата на Њу Џерси Девилс и во наредната сезона во НХЛ лигата. 24-годишниот хокејар ќе добие плата од 5,45 милиони долари. Левото крило во претходното првенство постигна повеќе лични рекорди гледајќи преку голови, асистенции, просечна минутажа на мразот и вкупно обезбедени поени. Тој беше водечки стрелец на тимот заедно со Џек Хјуз. Брeт беше избран во шестата рунда на драфтот во 2016 година.

Read More

Шкупи пред денешниот прв натпревар против Шамрок Роверс во третото квалификациско коло во Лигата на Европа, излезе со оопштение и се пожали за добиениот третман во Ирска. „Нашиот тим е попречен од нормално функционирање на непристоен и измамнички начин. Ирската влада не ја послуша УЕФА и авионот слета на аеродром оддалечен 300 километри од Даблин. Исто така, по натпреварот ќе треба да се враќаме 300 километри и ќе летаме од таму. За жал, тоа не му е направено на ниту еден друг тим освен на македонскиот тим“ – се вели во соопштението на Шкупи.

Read More

Офанзивниот фудбалер за врска, Алексеј Миранчук ,ќе остане во Аталанта на инсистирање на главниот тренер, Џан Пјеро Гасперини. Иако Торино се обиде летово да го купи искусниот играч, тренерот на екипата од Бергамо го стопирал трансферот. 26-годишниот  Русин во септември во 2020 година го напушти тимот на Локомотив (Москва) и се пресели на „Чизмата“. Репрезентативецот на „Зборнаја“ одигра 56 натпревари за италиајнскиот состав со ефект од девет голови и седум асистенции.

Read More

Доаѓањето на Кепа Аризабалага во Наполи ќе го испрати младиот голман, Алекс Мерет, на позајмица за една сезона во Специја. Наполитанците треба да го финишираат трансферот на Аризабалага кој ќе дојде како позајмен играч а англискиот клуб ќе продолжи да плаќа 75 отсто од неговата плата. Што се однесува до 25-годишниот Мерет, тој во минатата сезона забележа седум настапи за Наполи и прими шест голови.

Read More

Претседателот на Полската одбојкарска федерација, Себастијан Швидерски, зборуваше за можноста Вилфредо Леон да учествува на светското првенство закажано од 26 август до 11 септември во Полска и Словенија. Еден од најдобрите одбојкари во светот и репрезентацијата на Полска, пред два месеца имаше операција на коленото. Натурализираниот Кубанец призна дека шансите за учество на настанот му се мали а Швидерски нагласи дека многу ќе зависи од неговата рехабилитација.

Read More

Шефот на компанијата за промоција на „Top Rank“, Боб Арум, е убеден дека Тајсон Фјури ќе се врати во рингот и ќе има меч со победникот од реваншот меѓу Украинецот Олександр Усик и Британецот Ентони Џошуа. Фјури е шампион во ВБЦ верзијата. Во исто време, Усик ги има појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, а неговиот меч против Џошуа на 20 август во Џеда, Саудиска Арабија. „Длабоко во себе знам дека Фјури сака да се соочи со победникот од таа борба. Го чекаме исходот од мечот а потоа збор ќе има Тајсон“ – прокоментира Арум.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира, кој главно настапуваше како позајмен во Атлетико Мадрид и Фиорентина, може да направи трансфер во турскиот гигант, Галатасарај, велат последните вести од Англија.  Уругвајскиот репрезентативец имаше контакти и со Валенсија и Сампдорија, но, без конретен договор. Галатасарај и „топчиите“ се договориле за трансферна сума од 6-7 милиони евра, но, самиот играч нема желба да настапува во Турција.

Read More

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи денеска ќе му гостува на Шамрок Роверс во првиот натпревар од 3. коло од квалификациите во Лигата на Европа. Мечот во Ирска ќе започне во 21 часот. Вечер со почеток од 19.00 часот во „Френдс Арена“ во Стокхолм (Шведска) екипата на Шкендија ќе го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на Конференции против АИК. Поради настапот на чаирчани и тетовци во Европа, нивните мечеви од првото сезонско коло во домашното првенство се одложени.

Read More