Шефот на компанијата за промоција на „Top Rank“, Боб Арум, е убеден дека Тајсон Фјури ќе се врати во рингот и ќе има меч со победникот од реваншот меѓу Украинецот Олександр Усик и Британецот Ентони Џошуа.
Фјури е шампион во ВБЦ верзијата. Во исто време, Усик ги има појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, а неговиот меч против Џошуа на 20 август во Џеда, Саудиска Арабија.
„Длабоко во себе знам дека Фјури сака да се соочи со победникот од таа борба. Го чекаме исходот од мечот а потоа збор ќе има Тајсон“ – прокоментира Арум.