Author: dino

Сериозните здравствени проблеми на Себастиен Халер ги принудија челниците на Борусија Дортмунд да бараат нов голгетер. Фудбалерот кој беше купен од Ајакс за 31 милион евра има тумор на тестисите и ќе мора да оди на хемотерапија. Прашање е дали воопшто и ќе се врати на фудбалските терени. Затоа „милионерите“ планираат да испратат понуда до Џовани Симеоне. 27-годишниот играч на Верона во изминатата сезона имаше 17 голови и пет асистенции во Серија А.

Read More

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, деновиве ќе престојува во Минхен. Тој ќе ги искористи слободните денови до 3 август за да направи контакти со  тренерот на Јулијан Нагелсман и спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ. Полскиот интернационалец пред заминување на турнејата во САД, вети дека ќе се врати кај Баварците за да се збогува со соиграчите и целиот персонал.

Read More

Шпанските медиуми објавија дека Оскар Мингеса ќе ја напушти Барселона и за 2,5 милиони евра ќе се пресели во екипата на Селта Виго. Трансферот треба да биде потврден во текот на денов или в понеделник. Договорот на дефанзивецот ќе биде до 2026 година а Барса ќе добие процент од евентуалната негова наредна продажба. 23-годишниот Мингеса имаше понуди и од Турција.

Read More

Фудбалерот, Садио Мане имаше одлично деби за Баерн Минхен. Тој постигна гол против РБ Лајпциг и се израдува на првиот трофеј во сезоната по убедливата победа од 5:3 во Супер-купот на Германија. „Многу сум среќен што го постигнав првиот гол за Баерн. Тоа е мој сон. Очекувам уште трофеjи“ – вели Мане. „ Голема чест е да се игра во Баерн. Мора да бидеме уште подобри и да освоиме многу пехари“ – потенцираше Сенегалецот кој мечот го започна од првата минута.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид во текот на ноќта го победија Јувентус со 2-0 на пријателски меч во Лос Анџелес. Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, изјави дека е задоволен од целата турнеја во САД. „Беше добра турнеја, сега се враќаме во Мадрид да се подготвиме за Супер-купот на Европа. Ќе мора да размислма околу стартниот состав, има време за корекции” – вели италијанскиот стручњак. Реал Мадрид ( освојувач на ЛШ) и Ајнтрахт Франкфурт (победник на Лига Европа), ќе се борат за пехарот на УЕФА на 10 август во Хелсинки.

Read More

Роберт Левендовски кој ја засили Барселона во текот на летово одигра три пријателски меча на турнејата во САД, но, не успеа да се запише во листата на стрелците. Таа ситуација ја искоментира тренерот на Каталонците, Чави. „Турнејата генерално беше позитивна. Се гледа дека Левандовски е разочаран но, тоа е нормално. Тој ќе започне да постигнува голови” – вели Чави Ернандез. Ќе потсетиме дека Левандовски во текот на летниов трансфер период се определи да го напушти Баерн Минхен само за да го облече дресот на шпанскиот гигант.

Read More

Mенаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, јавно го пофали Дарвин Нуњез, кој вчера дебитираше со погодок на дуелот со Манчестер Сити во Комјунити Шилд. Уругваецот кој влезе во вториот дел, успеа да изнуди пенал и да постигне погодок. „Знам дека ќе се подобри како ќе одминува времето. Критиките се дел од фудбалот“ – изјави Клоп. „Тој заврши одлична работа. Сите знаеме што донесе неговото влегување на теренот“ – потенцираше Германецот.

Read More

Италијанскиот фудбалски состав Наполи останува крајно активен на трансфер пазарот. Досега е обезбеден голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, кој пристигнува како позајмен за една сезона. Потоа, младиот играч на Сасуоло, Џакомо Распадори,  кој ќе добие договор за пет години и плата од 2,5 милиони евра. Третиот играч кој е на мета на „наполитанците“ е Доминик Собозлаи, од Лајпциг. Неговата трансферна сума е околу 30 милиони евра.

Read More

Ерлинг Халанд вчера дебитираше во дресот на Манчестер Сити. Норвежанецот кој беше дел од екипата која загуби во Комјунити Шилд од Ливерпул со 3 спрема 1, имаше две-три големи промашувања. Тоа воопшто не влијае кај тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, кој вели дека напаѓачот ќе ги покаже неговите квалитети.  „Се бореше, добро се движеше, беше на позиции. Добро е за него да ја види реалноста во нова земја и во ново првенство“ – потенцираше шпанскиот тренер

Read More

Фудбалерите на Ливерпул по пауза од 16 години го освоија трофејот во Комјунити Шилд откако го победија денеска  Манчестер Сити со 3-1 на стадионот Кинг Пауер во Лестер. Тоа е единствениот значаен пехар што го немаше тренерот, Јирген Клоп, откако седна на кормилото на тимот од  „Енфилд“.  Трент Александер-Арнолд го отвори резултатот во 21. минута а Алварез израмни во 70 –та. На седум минути до крајот Мохамед Салах погоди од белата точка а летното засилување, Дарвин Нуњез, дебитираше со гол во судиското надополнување. Кај „граѓаните“ првиот официјален меч го одигра Ерлинг Халанд кој промаши две големи шанси.

Read More