Евертон е заинтересиран за фудбалерот од средниот ред на Бетис, Гвидо Родригез. Англичаните ја испратиле првата понуда до 28-годишниот Аргентинец и сега го чекаат неговиот одговор. Доколку фудбалерот се согласи да ја промени средината, популарните „карамели“ ќе ги започнат преговорите со шпнаскиот состав. Трансферната сума треба да биде околу 25 милиони евра.
Author: dino
Англиските медиуми тврдат дека најмалку пет фудбалери на Челзи од различни причини сакаат да го напуштат клубот во текот на летниов трансфер период. Станува збор за Цезар Аспиликуета, Маркос Алонсо, Хаким Зијах, Тимо Вернер и Кристијан Пулишиќ. За нив се заинтересирани италијански и шпански екипи и многу е веројатно да си заминат од стадионот – „Стемфорд Бриџ“. Сепак, челниците на англискиот состав ќе направат напор да задржат дел од нив и да им понудат подобри договори.
33-годишниот полски фудбалер, Роберт Левандовски, верува дека може да одигра одлично во редовите на Барселона. Голгетерот кој во текот налетово го напушти Баерн Минхен и се пресели во Примера Дивизион, нагласи дека неговото тело може да го издржи предизвикот. „Тестовите кои ги поминав покажуваат дека моето тело е всушност помладо од моите години. Не знам уште колку години ќе играм на највисоко ниво, но сигурно е дека ќе играм“ – вели новиот напаѓач на Каталонците.
Уругвајскиот фудбалски ветеран, Луис Суарез, потврди дека ќе ги брани боите на екипата на Национал. „Се надевам дека договорот ќе се официјализира“ -истакна искусниот напаѓач кој добил повеќе понуди, но, одлучил да ја прифати на клубот во кој ја започна кариерата. Суарез играше за уругвајскиот состав од 2005-2006 година пред да се пресели во Гронинген. Тој во богатата кариера ги носеше дресовите на: Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.
Луѓето од Рајо Валјекано, испратиле понуда до бразилскиот напаѓач, Диего Коста, кој си замина од Атлетико Минеиро и во моментов нема клуб. Преговорите меѓу двете страни течат според очекувањата и нема да биде изненадување доколку пргавиот напаѓач му стане соиграч на нашиот репрезентативец, Столе Димитриевски. Доколку трансферот се реализира, Коста ќе се врати во Примера Дивизион. Тој претходно во Шпанија ги бранеше боите на Атлетико Валјадолид, Селта и Атлетико Мадрид.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи, веројатно ќе добие понуда од Жозе Мурињо да се пресели во редовите на Рома. Португалецот одлично ги познава квалитетите на играчот од Брег Слонова Коска бидејќи го тренираше додека седеше на кормилото на „црвените ѓаволи“. Според најавите, „волчицата“ е подготвена да испрати понуда од 15 милиони фунти за да го обезбеди потписот на дефанзивецот.
Првиот човек на фудбалскиот состав Лестер, Ајават Шривадханапраба, изјави дека „лисиците“ не добиле барање за трансфер на Јури Тилеманс. 25-годишниот Белгиец треба да ја одработи последната сезона од договорот. „Досега немаме добиено никакви понуди, ништо конкретно или каков било предлог , рече Ајват. Тилеманс кој беше купен во 2019 година од екипата на Монако, за англискиот состав има одиграно 107 мечеви постигнато 15 голови.
Миралем Пјаниќ кој изминатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во Бешикташ, очекува да добие вистинска шанса од новиот тренер на Барселона, Чави. Фудбалерот од БИХ кој беше купен од Јувентус во 2019 година, има договор со Каталонците до летото во 2024-та. „Ќе работиме со Чави и се надевам дека ќе имаме многу добра сезона. Не почнав добро во последните две сезони. Имав КОВИД-19 и имав повреди. Мислам дека можам да се вратам во претходната форма“ – потенцираше Пјаниќ.
Фудбалерот, Пауло Дибала, денеска на специјална прес-конференција беше претставен како летно засилување за екипата на Рома. Напаѓачот пред новинарите проговори како го напушти Јувентус и зошто се определ да го облече дресот на „волчицата“. „Повикот на Мурињо беше вистинско уживање. Првиот пат го направивме тоа заедно со Пинто а потоа еден ден одеднаш ми пиша и повторно разговаравме и мислам дека така се случи“ – вели Аргентинецот.
Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје го обезбеди Андреј Магдевски кој по една сезона во Романија во редовите на Плоешти се врати кај популарните „штркови“. Плејмејкерот играше за тимот од Аеродорм од 2018 до 2021 година кога освои две шампионски титули и беше избран за МВ на финалната серија во сезоната 2020/21. Магдевски потпиша договор за наредните две сезони сезони.
