Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Шкупи, Гоце Седлоски, очекува голема поддршка од трибините на утрешниот реванш со Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на шампионите. Мечот  од второто коло ќе биде реализирана од 21.00 часот на Арената во Скопје. „Не чека тежок дуел, тие 2:2 од Загреб не смеат да не залажат. Сите знаеме кој е Динамо Загреб и што направил во Европа. Се подготвуваме максимално “  – рече Седлоски. „Никогаш не се браниме, публиката ќе биде со нас и ќе дадеме се за да победиме. Мораме да корегираме одредени слабости од првиот меч“ – потенцираше Седлоски на средбата со новинарите.

Read More
NBA

Бостон Селтикс покажа дека е заинтересиран за ѕвездата на Бруклин Нетс, Кевин Дурент, пренесува – „EPSN“. 33-годишниот кошаркар влегува и во радарот на Мајами Хит, Торонто Репторс и Феникс Санс. Дурент има уште четири години од договорот со Нетс вреден 198 милиони долари. Toj е 12-кратен Ол-стар играч, два пати МВП на финалињата и МВП во НБА . Со селекцијата на САД има три златни медали од Олимписките игри.

Read More

Арманд Дуплантис ја продолжи доминацијата во дисциплината скок со стап и го освои златниот медал на Светското првенство во Орегон. Шведскиот атлетичар кој дојде до првото злато во кариерата на СП, прескокна 6,21 метри и за еден сантиметар го подобри сопствениот светски рекорд. Скандинавецот со денешниот успех по петти пат го соборува сопствениот светски рекорд гледано од 2020 година. Тој за оствареното во Орегон доби и премија од 100.000 долари.

Read More

Фудбалерот, Јулијан Дракслер, нема намера и понатаму да ја грее клупата на ПСЖ и затоа ќе си побара нов клуб, објавија медиумите во Франција. Според наведенотo, за неговиот потпис конкурира англискиот Њукасл кој ќе треба да плати околу 30 милиони евра.  28-годишниот Германец не е дел од експедицијата на ПСЖ која ги реализира летните подготовки на турнеја во Јапонија. Дрекслер во претходната сезона одигра само 18 натпревари во Лига 1.

Read More

Фудбалерот, Жил Кунде, ќе го облече дресот на Барселона откако Севилја ја прифати последната понуда на Каталонците во висина од 50 милиони евра и дополнителни 10 во форма на бонуси. Одличниот дефанзивец иако имаше понуда од Челзи, сепак ќе заигра на стадионот – „Камп Ноу“. Практично пресуди неговата желба да биде дел од шпанскиот фудбалски гигант.

Read More

Легендарниот атлетичар, Мајкл Џонсон, поранешен светски рекордер на 200 метри, фрли сомнеж за резултатите на трката на 100 метри со пречки за жени на Светското атлетско првенство во Јуџин, Орегон. Во првата полуфинална серија, Тоби Амусан постави нов светски рекорд од 12,12 секунди (0,9 m/s). Подоцна во финалето истрча 12,06 секунди, но со посилен спротивен ветер од 2,5 м/сек. „Не верувам дека резултатите од трките на 100 метри со пречки се точни. Светскиот рекорд подобрен за ,08! 12 лични најдобри резултати. Поставени пет национални рекорди. Сите спортистки изгледаа шокирано“ – напиша Џонсон на Твитер.

Read More

Екипите на Лацио и на Интер ќе направат обид да дојдат до потписот на белгискиот фудбалер Дрис Мертенс кој дефинитивно ќе си замине од тимот на Наполи, објавија медиумите на „Чизмата“. Најдобриот стрелец во историјата на Наполи ќе го напушти стадионот – „Диего Марадона“ по цели девет години откако не пронајде заеднички јазик со управата за продолжување на договорот.   Мертенс за Наполи има одиграно 309 мечеви и постигнато 121 гол.

Read More

Новото засилување на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, иако е класичен централен стопер, доби улога да игра на позицијата лев бек на пријателскиот меч со Барселона. Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, вели дека свесно го поставил Германецот да игра на страчната позиција и дека тоа нема да се менува. „Не сум луд, тој е многу интелигентен, може да игра на таа позиција“. Алаба ќе игра лев бек само кога ќе биде потребно“ – изјави Италијанецот.

Read More

Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе добие премија од три милиони фунти доколку успее да обезбеди место во Лигата на шампионите, објавија англиски медиуми. Холанѓанецот кој дојде од Ајакс на стадионот – „Олд Трафорд“, ќе има годишна плата од 9 милиони фунти. „Црвените ѓаволи“  две сезони не беа дел од елитната конкуренција во Европа. 

Read More

Фудбалскиот селектор на Бразил, Тите, верува дека неколкуте млади репрезентативци ќе му помогнат на Нејмар да одигра добро на Светското првенство во Катар кон крајот на годинава. Станува збор за Винисиус Жуниор и Родриго од Реал Мадрид, Рафиња од Барселона, новото засилување на Тотенхем Ричарлисон, сестраниот играч за врска на Њукасл, Бруно Гимараеш, крилниот напаѓач на Ајакс, Антони и Матеус Куња од Атлетико Мадрид. Стратегот откри дека ќе го користи Нејмар во поцентрална улога што ќе им овозможи на помладите да играат многу послободно на нивните позиции.

Read More