Легендарниот атлетичар, Мајкл Џонсон, поранешен светски рекордер на 200 метри, фрли сомнеж за резултатите на трката на 100 метри со пречки за жени на Светското атлетско првенство во Јуџин, Орегон.
Во првата полуфинална серија, Тоби Амусан постави нов светски рекорд од 12,12 секунди (0,9 m/s). Подоцна во финалето истрча 12,06 секунди, но со посилен спротивен ветер од 2,5 м/сек.
„Не верувам дека резултатите од трките на 100 метри со пречки се точни. Светскиот рекорд подобрен за ,08! 12 лични најдобри резултати. Поставени пет национални рекорди. Сите спортистки изгледаа шокирано“ – напиша Џонсон на Твитер.

