Author: dino

Првите луѓе на фудбалскиот состав Брајтон одлучија да ги прекинат преговорите со Манчестер Сити за фудбалерот Марк Кукуреја додека не ги добијат бараните 50-те милиони фунти. Бидејќи „Граѓаните“ остануваат на понудените 30-ет, веројатно трансферот нема да се реализира, објавија денеска медиумите во Англија.   Кукуреја кој потекнува од школата на Барселона, пред да дојде на Островот за 15 милиони евра играше во екипата на Гетафе.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска загубија од Атлетико Мадрид со 1-0 во пријателски меч одигра на стадионот во Осло а тренерот на англичаните, Тен Хаг, не крие дека е разочаран од резултатот. „Тимот одигра добро. Создадовме доволно шанси да постигнеме гол но, не успеавме. Им реков на играчите дека е тоа неприфатливо“ – посочи Холанѓанецот. Манчестер Јунајтед утре ќе има нов контролен дуел против Рајо Ваљекано кој ќе биде одигран на стадионот – „Олд Трафорд“.

Read More

Директорот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека нема да ги отпише „Сребрените стрели“ од трката за титулата во Формула 1 доколку Џорџ Расел успее да победи на утрешната трка за ГН на Унгарија. „Можете да видите како се развиваат работите кога Ред Бул не се во битката . Никогаш нема да се предадеме“ – вели Волф. „Тоа го прави спортот толку тежок и возбудлив. Не би исклучил ништо ако можеме да победиме утре“ – изјави Волф по денешните квалификации.

Read More

Џорџ Расел од екипата на Мерцедес направи голем подвиг и ја освои пол-позиција на патеката Хунгароринг.   Британскиот возач дојде првата победа во квалификациите во кариерата.  Карлос Саинц од Ферари и неговиот клупски колега, Шарл Леклер, ги обезбедија второто и третото место. Лидерот во поредокот, Макс Верстапен, ќе биде започне од 10-то место.Трката за Големата награда на Унгарија ќе се вози утре со почеток од 15:00 часот.

Read More

Фудбалерите на Шкнедија влегоа во третата елиминациска рунда во Конференциската Лига откако и во реваншот го совладаа тимот на Валемирас со 3 спрема 1. По првата победа од 2-1 на теренот на противникот, избраниците на Шаќири денеска и во Скопје покажаа дека се подобар тим и го продолжија европското патување.  Головите за домаќинот беа дело на Бејтулаи во 11. минута, Дориев во 33 и Рамадани во 85-та минута. Голот за гостите го постигна Мурата во 25-та минута. Шкендија во наредната рунда ја чека двомечот со АИК од Шведска. Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров се елиминирани од третото по ранг натпреварување…

Read More

Фудбалерите на Вардар и на Пелистер кои се главните претенденти за челните позиции во втората фудбалска лига во наредната сезона, во првото коло ќе бидат во улога на гости.„Црвени црните“ на 13 август ќе играат против Аресими додека Битолчани ќе се појават на теренот на Кожув. Еве ги компелтните двојки за првата рунда. АРЕСИМИ – ВАРДАР КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР ПЕХЧЕВО – ГОСТИВАР ОХРИД – ТЕТЕКС ДЕТОНИТ – БЕЛАСИЦА КАРАОРМАН – ВОСКА БОРЕЦ – СЛОГА (В) САСА – БЕСА

Read More

Денеска со жрепка се одредени двојките за првото коло од фудбалскиот Куп на Македонија Meчевите ќе се одиграат на 14 септември. ДВОЈКИ 1/16 ФИНАЛЕ – КУП НА МАКЕДОНИЈА БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 1927 ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР ТЕТЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ СЛОГА 1934 – БРЕГАЛНИЦА 2008 КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАР КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ТИКВЕШ 1930 ВАРДАР НЕГОТИНО – СТРУГА ТРИМ Љ УМ КАРБИНЦИ – ПОБЕДА ЗАЈАЗИ – ВОСКА СПОРТ ФОРТУНА – БОРЕЦ 1919 ЉУБОТЕН – РЕНОВА БВК КОЊАРИ – РАБОТНИЧКИ ЦРНО БУКИ ЗЛ – СКОПЈЕ КАРАОРМАН 2017 – ШКЕНДИЈА Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров и минатогодишниот финалист Силекс се слободни од…

Read More

Иако  Брајтон ја одби првата понуда од 32 милиона фунти за Марк Кукуреја, луѓето од Манчестер Сити не се откажуваат од намерата да го ангажираат  24-годишниот Шпанец. Познато е дека Брајтон бара околу 50 милиони фунти за фудбалерот што значи дека тимот од  „Етихад“ ќе мора драстично да ја зголеми понудата. Кукуреја имаше одлична прва сезона на стадионот Амекс, забележа 38 настапи со 1 гол и 2 асистенции. Тој беше прогласен за играч на сезоната во клубот.

Read More

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Мика Хакинен, го коментираше излетувањето на Шарл Леклер на трката со Франција со што практично му ја подари седмата победа на светскиот шампион Макс Верстапен. „Сите прават грешки, но , таа на Чарлс е многу скапа „ Многу добро го разбирам затоа што доживеав нешто слично  кога бев во водство на Италијанското ГП во 1999 година, но, излетав од патеката“ – вели легендарниот Финец.„Тоа е многу непријатно искуство затоа што знаете што сте направиле – сте ја подариле победата на ривалот“ – вели Хакинен.

Read More

Австралиецот, Ник Киргиос, изненадувачки  се повлече од тенискиот турнир во Атланта поради болки во коленото на левата нога. 27-годишниот финалист на годинешново издание на терените на Вимблдон требаше да игра против Германецот, Петер Гојовчик. „ Лошо ми е бидејќи нема да можам да играм на турнирот што го има освоено и тоа кога сум во најдобра форма во мојата кариера. Само сакав да ви приредам шоу, но,  едноставно не можам да го сторам тоа“ – рече Киргиос во изјава за „Ројтерс“.

Read More