Поранешниот светски шампион во Формула 1, Мика Хакинен, го коментираше излетувањето на Шарл Леклер на трката со Франција со што практично му ја подари седмата победа на светскиот шампион Макс Верстапен.
„Сите прават грешки, но , таа на Чарлс е многу скапа „ Многу добро го разбирам затоа што доживеав нешто слично кога бев во водство на Италијанското ГП во 1999 година, но, излетав од патеката“ – вели легендарниот Финец.
„Тоа е многу непријатно искуство затоа што знаете што сте направиле – сте ја подариле победата на ривалот“ – вели Хакинен.