Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, кој пред седум месеци седна на клупата на „Спарси“, вели дека не е стопена разликата со Сити, Ливерпул и Челзи која е создавана со години . „ Бевме добри на подготовките. Среќен сум што можевме да работиме како што требаше да направиме во ноември. Тогаш беше многу тешко, морав да ги наметнам моите идеи“ – вели Конте. „За нас Кејн и Сон се многу значајни играчи. Среќни сме што ја задржавме основата на екипата“ – вели италијанскиот тренер.
Author: dino
Напаѓачот на Салцбург, Бењамин Шешко, може да добие понуда да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед доколку англискиот тим се согласи да плати 50-ет милиони евра, објавија медиумите на Островот. 19-годишниот интернационалец од Словенија има договор со австрискиот клуб до 2026 година а за неговите услуги се заинтересирани и луѓето од Челзи. Младиот фудбалер во претходната сезона постигна 10 гола и направи 7 асистенции.
УЕФА потврди дека технологијата за полуавтоматски офсајд ќе се користи на мечот Реал Мадрид – Ајнтрахт (Франкфурт) или Супер-купот кој ќе биде одигран во Хелсинки на 10 август. Системот ќе се користи и во новата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите. Новата технологија е тестирана речиси две години. „УЕФА постојано бара нови технолошки решенија за да ја подобри играта и да ја помогне работата на судиите. Иновативниот систем овозможува на судиите во „ВАР“ собата брзо и прецизно да ги одредуваатситуациите“ – вели шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети
Фудбалерот, Шарл Де Кетелар, во првото интервју за клупската телевизија на Милан го изрази задоволството што од наредната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот гигант. „Сега е тоа реалност и јас сум многу горд. Разговарав лично со Паоло Малдини и Фредерик Масара, кои ми рекоа дека веруваат во мене и дека ме сакаат во Милан“ – вели играчот од Белгија. „Ветувам дека ќе го дадам максимумот на секој натпревар. Се надевам дека ќе освојам многу трофеи“ – изјави Де Кетелар кој беше купен од Бриж.
Луѓето од Хонда дале понуда за купување на тимот на Ред Бул во Формула 1, објави денеска германски медиум. Информацијата се појави речиси во исто време кога беше најавено дека Порше купува 50% од Ред Бул иако новите технички правила за сезоната 2026 се уште не се потврдени. Сепак, понудата на Хонда нема логика бидејќи шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека Порше започнал со активности во компанијата.
Поранешната ѕвезда на Арсенал, Барселона и Челзи, Сеск Фабрегас денеска ќе потпише договор за две сезони со италијанскиот второлигаш Комо. Поранешниот репрезентативец на Фуријата последен пат играше за Монако. Фабрегас има големо искуство од Англија, Шпанија и Франција а негова желба е да игра и во Италија пред да ја заврши кариерата. Во последната сезона имаше само 2 натпревари во Лига 1.
Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Андреа Белоти, кој го одработи договорот со Торино, ќе ја прифати понудата на Рома, велат последните информации од „Чизмата“. Екипата од Рим му понудила 2-годишен договор со опција за уште една. Платата на Белоти ќе биде 2,8 милиони евра по сезона но, може да порасне и до 3,5 милиони. Медиумите во Италија се сигурни дека напаѓачот ќе даде позитивен одговор.
Наполи доколку не успее да го ангажира Кепа Аризабалага од Челзи, ќе се насочи кон голманот на Ајнтрахт (Франкфурт), Кевин Трап. 32-годишниот фудбалер во претходната сезона 2021/22, прими 61 гол на 45 натпревари во сите конкуренции. Германецот, кој е поранешен член на Пари Сен Жермен, се проценува на 7 милиони евра.
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, посакува уште две засилувања за да може да направи баланс на теренот. „Топчиите“ во текот на летово ги купија Жезус и Зиченко од Манчстер Сити, потоа Фабио Виеира, голманот Тарнер и Маркоњос за околу 140 милини евра. „ Сакам совршен баланс на екипата. Ќе видиме што ќе понуд трансфер-пазарот до крајот на летото“ – рече Артета.
Челниците на Челзи преговараат со играчот на Лестер, Весли Фофана и со членот на Интер Дензел Демфрис. „Сините“ по заминувањето на Кристенсен и Рудигер останаа без двајца искусни дефанзивци и тоа мора да го корегираат до крајот на летово. Трансферната сума за Фофана е околу 90 милиони евра додека Интер допрва ќе ја одреди цената за Демфрис. Ќе потсетиме дека на „Стемфорд Бриџ“ пристигне Калиду Кулибали кој се определи да го напушти Наполи и да заигра во Премиер Лигата.
