Директорот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека нема да ги отпише „Сребрените стрели“ од трката за титулата во Формула 1 доколку Џорџ Расел успее да победи на утрешната трка за ГН на Унгарија.
„Можете да видите како се развиваат работите кога Ред Бул не се во битката . Никогаш нема да се предадеме“ – вели Волф.
„Тоа го прави спортот толку тежок и возбудлив. Не би исклучил ништо ако можеме да победиме утре“ – изјави Волф по денешните квалификации.