Вест Хем Јунајтед тргнува по потписот на Филип Костиќ, пренесуваат англиските медиуми. Српскиот репрезентативец влегува во последната година од договорот со Антрахт Франкфурт и тоа ќе се обиде да го искористи Дејвид Мојс за да го донесе во Лондон. Костиќ инспирираше против Вест Хем во полуфиналето од Лига Европа и на него се гледа како замена за Арон Кресвел. 29-годишникот се очекува да донесе и голема свежина во нападот на „чеканите“ во новата сезона.
Author: dino
Македонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, ја совлада Ема Наваро со 2-0 во сетови и си обезбеди место во полу-финалето на ИТФ-турнирот што деновиве се реализира во чешкиот град Оломуц. Американката не успеа да го издржи налетот на Ѓорческа која првиот сет го доби со 6-4 а вториот со 6-2. Ѓорческа утре за место во финалето ќе игра со Русинката, Дарија Астакова. Во второто полу-финале ќе играат Нахимана од Бурунди и домашната тенисерка, Бејлек.
Новиот менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, полека но сигурно, воведува ред во соблекувалната на „црвените ѓаволи“. Тој планира драконски казни доколку до јавноста дојде некаква информација од клупската соблекувална. На фудбалерите им е кажано да јадат од храната која им ја обезбедува клубот а не таа која им ја прават во домашните услови.
Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман во полу-финалето на Европското првенство до 20 години Б дивизија што се одржува во Грузија откако загуби од Естонија со 81:59. Марко Миловановиќ беше најпрецизен со 18 поени, Андреј Митревски даде 10 поени. Младите кошаркари викендов ќе разигруваат за пласман од 5 до осмото место.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, доби работна дозвола што значи дека ќе може да дебитира за Абердин. Напаѓачот пристигна во Шкотска пристигна од МТК (Унгарија) за сума од 640.000 евра. Абердин денеска објави видео од појавувањето на Миовски во клупскиот тренинг-центар. Неговиот им за два дена го очекува меч со Рајт Роверс во Купот на Шкотска.
Најтрофејниот фудбалскисостав во Македонија, ФК Вардар, денеска го слави 75 роденден.Клубот е формиран на 22 јули 1947 година со фузија помеѓу тогашните клубови Победа и Македонија. Вардар беше шампион на Југославија во сезоната 1986/87, освојувач на Купот на Југославија во 1961 година, 11 пати првак на Македонија и пет пати освојувач на националниот Куп. „Црвено-црните“ се првите претставници на нашава земја во европските купови и единствени што играле во групната фаза од Лига Европа.
Бруно Фернандеш вели дека мора да се почитува секоја одлука на Кристијано Роналдо без разлика дали неговиот сонародник ќе остане или ќе си замине од редовите на Манчестер Јунајтед. „Не знам што му рекол Кристијано на клубот, не знам што се случува, сепак мораме да му дадеме малку простор“ – вели Фернандеш. „Кристијано беше нашиот најдобар стрелец во изминатата сезона. Не знам што се случува во неговата глава“ – истакна Португалецот.
Кошаркарот, Џејмс Харден, прифати нов двегодишен договор со Филаделфија кој треба да му донесе 68,6 милиони долари. 10-кратниот Ол-стар играч во регуларниот дел од претходната сезона имаше просек од 21 поен, 7,1 скок и 10,5 асистенции. 32-годишниот ветеран кој играше за Оклахома и Хјустон, во изминатите 13 сезони има 942 натпревари во НБА лигата.
Ветеранот, Луис Суарез, може да добие понуда да го облече дресот на Борусија Дортмунд, најавуваат дел од медиумите во Германија. 35- годишниот фудбалер кој нема ангжман, изненадувачки може да заигра за прв пат во Бундес-лигата. „Милионерите“ иако не ангажираат играчи што се во залез на кариерата, сега се соочуват со големи проблеми во навалната линија и затоа може да го ангажираат Уругваецот кој има богато искуство во европскиот фудбал.
Фудбалерот, Џеси Лингард, кој во текот на летово го напушти Манчестер Јунајтед, набрзо треба да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Младиот играч не беше задоволен од минутажата на „Олд Трафорд“ и затоа реши да си замине од тимот. Според медиумите во Англија, за неговиот потпис се заинтересирани новиот премиерлигаш, Нотингем Форест и составот на Вест Хем.
