Author: dino

Светскиот боксерски шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, најави дека ќе се врати во рингот против Ентони Џошуа. Британецот во јуни изјави дека завршил со боксот, но потоа се предомисли и рече дека веднаш ќе потпише договор за борба со Ентони доколку се прифатат неговите услови. – мечот треба да се гледа без пари, напиша Фјури во објавата на Инстаграм. Џошуа ги загуби титулите ВБА, ИБФ и ИБО по поразот од Украинецот Олександр Усик во Лондон во септември.

Read More

Откако фудбалерот, Кристијан Ериксен, деновиве потпиша за Манчестер Јунајтед, легендата на тимот,  Питер Шмајхел, верува дека Данецот може да има блескави партии на „Олд Трафорд“. „Кристијан Ериксен ќе добива шанса од самиот почеток на многу натпревари. Ќе мора да се докажува како и сите други“ – вели Шмајхел. „Тој е доволно добар и може да се справи со тоа. Ериксен веројатно ќе стане суперѕвезда во Јунајтед“ -порача легендарниот голман.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, јавно му се заблагодари на Зиченко кој за 32 милиони евра ги напушти „граѓаните“ и кариерата ќе ја продолжи во екипата на Aрсенал. „Сакам да ја искажам сета моја благодарност до Зинченко за неговото однесување како на теренот така и надвор од него“ – вели Гвардиола. Украинецот кој во текот на летово се пресели кај „топчиите“, може да игра на неколку позиции и ќе биде големо засилување за четата на Артета.

Read More

Новиот тренер на македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер утрово го имаше првиот собир со екипата на стартот на подготовките за новата сезона во која покрај во домашното првенство тимот од Битола ќе биде дел и од Лигата на Европа. Повикани ракометари за подготвителниот период:Голмани: Урбан Лесјак, Марко КизиќЛеви крила: Цветан Кузманоски, Гоце Ојлески, Бојан МаџовскиЛеви бекови: Руди Сери, Дејан Кукуловски, Емилијан ЃорговскиСредни бекови: Вилсон Дејвис, Павле Атанасијевиќ, Марио ТанкоскиДесни бекови: Усама Хосни, Павле ПетровиќМартин Велковски (рехабилитација, ќе се приклучи кон екипата во месец август)Десни крила: Мирко Радовиќ, Ненад КостескиКружни напаѓачи: Жарко Пешевски, Денис ВасиљевДефанзивец: Милорад Кукоски Нови имиња…

Read More

ПСЖ денеска го победи Кавасаки Фронтале со 2 спрема 1 во пријателски меч а новиот тренер на Французите, Кристоф Галтие, објасни дека неговите фудбалери мора да се  адаптираат на новата шема 3-4-1-2. „Ми се допадна што нашиот тим притиска високо. Тоа ни дозволи да бидеме опасни и да создаваме многу шанси“ – вели Галтие. „Играме во нов систем – 3-4-1-2 и мора да се навикнеме. Сè уште не сме синхронизирани. Треба да внимаваме на противниците кога првават транзиција“ – вели тренерот на ПСЖ.

Read More

Фудбалерот, Роберт Левандовски, кој деновиве го напушти Баерн Минхен и потпиша договор за наредните четири години со Барселона, вели дека Баварците и без него ќе имаат одлична офанзивна линија. „Нападот на Баерн е спектакуларен. Одредени фудбалери сега ќе можат да даваат повеќе голови“ – вели полскиот интернационалец. Ќе потсетиме дека трансферот на врвниот голгетер од Германија во Шпанија е 50 милини евра со тоа што пет се предвидени како бонуси.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Интер сакаат да го ангажираат дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ. Договорот на 24-годишниот интернационалец ќе истече во наредното лето а сумата што ја бараат „виолетовите“  не е голема. Српскиот репрезентативец во претходната сезона во сите конкуренции одигра 39 натпревари и постигна 3 гола за тимот од Фиренца. Миленковиќ воедно се наоѓа и на радарот на Милан и Јувентус.

Read More

Александар Јончевски е новиот селектор на нашите најдобри кошаркари. Тој беше  асистент-тренер во стручниот штаб  на Драган Бајиќ кој спогодбено ја прекина соработката со КФСМ. Јончевски  беше асистент во националниот тим во квалификациите за Олимписките Игри а потоа помагаше и на Евробаскетот во 2015 во Хрватска. Новиот селектор првите обврски ќе ги има кон крајот на август на стартот на вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот.

Read More

Австрискиот ракометен состав, Алпа Хард, ќе му биде противник на Еурофарм Пелистер 2 во првото квалификациско коло во Лигата на Европа. Првиот меч ќе биде реализиран на 27/28 август додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна во салата – „Боро Чурлевски“ во Битола. Ќе потсетиме дека првиот тим на Еурофарм Пелистер ќе игра во групната фаза додека Бутел Скопје ќе стартува од второто елиминациско коло.

Read More

Македонските женски ракометни претставници во Европскиот Куп на ЕХФ ги добија противниците. Екипата на Ѓорче Петров која е актуелен шампион на нашава земја ќе игра со КА Пор од Исланд. Куманово  ќе се сретне со изралескиот тим Рамат Ган. Металург ќе игра против грчкиот ПАОК а Чаир со  Истогу од Косово.  Првите натпревари се закажани за 8/9 октомври а реваншите за една недела подоцна. 

Read More