Директорот на тимот на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, верува дека допрва доаѓа вистинската битка за шампионскиот пехар како кај возачите така и кај конструкторите. „Ние сме само на половина пат од сезоната и работите можат многу брзо да се променат. Во Австрија ја освоивме пол-позицијата и спринтот а потоа бевме втори во трката“ – вели Хорнер. Втората половина од сезоната ќе започне наредниот викенд со Француското ГП.
Author: dino
Тројца јапонски атлетичари и еден тренер беа позитивни на КОВИД-19 на Светското првенство, со што вкупниот број на случаи во делегацијата се искачи на 15. Спринтерот Јуки Коике е заразен и ги пропушти трките на 200 метри додека Шунсуке Изумија и Такајуки Кишимото не нестапија на 400 и 110 метри со пречки. Организаторите наложија целиот технички и медицински персонал како и претставниците на медиумите да носат маски во затворени простории поради сè повеќе случаи на КОВИД-19.
Фудбалерот, Садио Мане, кој беше претставен како големо летно засилување за Баерн Минхен, вели дека има големи очекувања од новата сезона. „Сакам да ги освојам сите можни трофеи. Имам чувство дека го познавам градот. Навистина е прекрасно “ – рече Сенегалецот. Баварците го купија брзоногиот фудбалер од англискиот Ливерпул за 32 милиони евра. Мане ќе дебитира на 30 јули во пресметката со Лајпциг во Супер-купот на Германија.
Претседателот на фудбалскиот состав Барселона, Жоан Лапорта, откри дека Роберт Левановски одбил многу понуди бидејќи сакал да игра во неговиот состав. „ПСЖ и Челзи понудија повеќе пари, но, Левандовски се определи за Барселона. Треба да му бидеме благодарни“ – вели Лапорта. „За него не беа значајни парите, тој сакаше да дојде кај нас. Сега можеме да се насочиме кон засилување на одбраната“ – вели Лапорта.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, потврди дека Хари Мегваер, ќе му биде прв избор во одбранбената линија. „Мислам дека Мегваер ќе биде прв избор. Покажа дека има квалитети“ – вели холандскиот тренер. „ Многу очекувам од него иако конкуренцијата ќе биде голема“ – вели новиот менаџер на „црвените ѓаволи“.
Македонската атлетичарка, Адријана Поп Арсова, го освои 28-то место на маратонската трка на Светското првенство во Орегон (САД). Таа оствари време од 2 часа 41 минута и 20 секунди. На првенството беа пријавени четириесет маратонки. Златниот медал го освои Готитом Гебресласе од Етиопија со нов рекорд на Светските првенства. Таа обезбеди време од 2:18.11 часа.
30-годишниот Ѓорѓе Џонов, некогашниот член на Силекс, Металург, Беласица и Кожув, ја загуби битката со ракот на белите дробови. Џонов настапуваше во дефанзивната линија а негов последен клуб беше Кожув од Гевгелија.
Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, изјави дека нема гаранции дека ќе се натпреварува за екипата на Алпин и во 2023 година. „ Ќе се договориме додека трае паузата во август. Ќе мора да видам кои се амбициите на тимот “- вели Алонсо. „Мислам дека нема да ни биде лесно да се доближиме до врвот. Ние имаме долгорочен проект. За нас е значајно да го започнеме болидот за наредната сезона“ – потенцираше Шпанецот кој има тековен договор до крајот на сезонава.
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ја искористи можност да го пофали новиот аргентински дефанзивец, Лисандро Мартинез. „Тој е вистински борец. Мислам дека на навивачите ќе им се допадне“ – вели холандскиот стратег. „Лисандро внесува поголема агресија. Со нетрпение очекувам да се приклучат сите фудбалери“ – потенцираше новиот тренер на „црвените ѓаволи“.
Техничкиот директор на Мерцедес во Формула 1, Мајк Елиот, вели дека Луис Хамилтон на трката во Австрија не можел да го покаже вистинското темпо бидејќи бил притеснет во ДРС-зоната со уште неколку возачи и немало начин како да ги престигне. „Ја завршивме трката со релативно голема разлика од лидерите, но, тоа делумно се должи на фактот што Ферари и Ред Бул можеа да влезат во бокс со виртуелното безбедносно возило и на тој начин добија нови гуми“ – вели Елиот. „Мислам дека во Австрија бевме 2-3 десетинки зад Ферари а тие го имаа најбрзиот болид“ – заврши Елиот.
