Директорот на тимот на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, верува дека допрва доаѓа вистинската битка за шампионскиот пехар како кај возачите така и кај конструкторите.
„Ние сме само на половина пат од сезоната и работите можат многу брзо да се променат. Во Австрија ја освоивме пол-позицијата и спринтот а потоа бевме втори во трката“ – вели Хорнер.
Втората половина од сезоната ќе започне наредниот викенд со Француското ГП.
