Шеширите за женската Супер-лига: 1: Ѓорче Петров, Куманово2: Металург, Вардар3: Чаир, Стружанка4: Деспина, ЖРКПелистер5: Овче Поле СУ, Шампион6: Гевгелија, Астибо7: Спартак, Феникс АМС8: Кузман Илинден, Скопје Шеширите за ждрепката за Прва лига: 1: Аеродром, Младост Богданци2: Драчево, Работнички3: Јехона, Металург РА4: Македонија ЃП, Астраион5: Борец, Текстилец6: Кичево, Преспа7: Шампион, Партизан8: Ангели Волково, Бисинов9: Голден Арт 2, Мултиесенс10: Овче Поле, Риниа Извлекувањето за женската Суперлига и групите во машката Прва лига се закажани в четврток во 12:00 часот во просториите на федерацијата. Сезоната ќе стартува на десетти и единаесетти септември.
Author: dino
Управата на Реал Мадрид одлучи да го отпушти тренерот на кошаркарскиот тим Пабло Ласо кој во јуни доживеа срцев удар и поради тоа не можеше да го води тимот во финалето на плеј-офот во шпанското првенство во кое „кралевите“ ја совладаа Барселона. Ласо минатата сезона го предводеше Реал до финалето на Евролигата во кое загуби од Анадолу Ефес. Челниците на „кралскиот клуб“, најавија дека внимателно ќе ја следат рехабилитацијата на Ласо и доколку има можност повторно ќе го ангажираат по една година.
Според шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, екипата на Мерцедес направила тактичка грешка при првиот пит-стоп на Луис Хамилтон на вчерашната трка за ГН на Велика Британија. Домашниот возач комплетираше 33 круга на Силверстон со средни гуми, но, потоа се соочи со многу проблеми. Според Хорнер, тоа било грешка на стратезите на „сребрените стрели“, кои мораа да побараат да се ставата меки гуми . Првите тројца на крајот, Карлос Саинц, Хамилтон, Серхио Перез и другите останаа со меки гуми во последните 13 круга.
Нашите најдбри кошаркари со 6 порази ги завршија квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Последниот дојде денеска на домашен терен од селекцијата на Украина со 73:68. Од првата до последната минута гостите имаа апсолутна контрола на мечот и сосема заслужено се израдуваа на победа во СЦ Борис Трајковски. Во нашиот табот Андреј Јакимовски застана на 17 поени додека Војдан Стојановски имаше 15 поени а Бојан Крстевски со 13 коша. НБА играчот, Свјатослав Михаљук, со 24 поени беше прв поентер кај Украинците. Во вториот меч од нашата група, Грузија дури по продолжение славеше против Шпанија со 82:76 (67:67).
Италијанскиот фудбалски шампион Милан, денеска го одржа првиот летен тренинг на кој присуствува и голем број на фанови кои приредија вистинско шоу. Покрај младинците во тренажниот процес се вклучија и играчите кои настапија во јунските мечеви во Лигата на нации. Утре ќе започнат со работа и Оливие Жиру и новото засилување ,Дивок Ориги. Денеска работеше и Симон Кјаер, кој годинава не настапи на ниту еден натпревар поради тешка повреда.Тренингот го следеа сите клупски директори – Иван Газидис, Паоло Малдини и Фредерик Масара.
Мик Шумахер ги освои првите бодови Формула 1 откако го обезбеди осмото место на вчерашната трка за Големата награда на Велика Британија. На патеката – „Силверстон“, по хаотичниот старт и тешкиот инцидент, Шумахер во еден период се бореше и за седмото место со актулениот шампион, Макс Верстапен, но, не успеа да го помине. „На тестирањата користевме само два модела на гуми, така што не бевме сигурни дали C1 ќе функционира. Малку ризикувавме бидејќи не ги пробавме претходно. Треба да бидеме задоволни“ – вели Шумахер.
Фудбалерот од средниот ред на Вулверхемптон, Жоао Мутињо, потпиша нов договор со англискиот состав. Португалскиот интернационалец со тоа стави крај на шпекулациите дека сака да си замине. 35-годишниот ветеран беше купен од Монако во 2018 година што значи дека сега ќе ја реализира и петата сезона во Премиер-лигата. Мутињо в среда ќе му се приклучи на тимот кој треба да ги реализира летните подготовки.
Челниците на фудбалскиот состав Интер не се откажуваат од идејата да го купат Мануел Обафеми Аканџи од екипата на Борусија (Дортмунд), тврдат денеска медиумите во Германија. Се шпекулира дека швајцарскиот репрезентативец ќе биде замена за Милан Шкриниар кој е многу блиску до преселба во Пари Сен Жермен. Италијанскиот состав планира да плати 30 милиони евра за дефанзивецот иако „милионерите“ бараат најмалку 50-ет. Аканџи пред да потпише за Борусија Дортмунд беше еден од најдобрите играчи на Базел.
Фудбалерот, Кристијан Ериксен, ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед и ќе потпише договор за три години, објави денеска – Би-Би-Си. Данецот откако на 21 декември го раскина договорот со Интер бидејќи не успеа да добие лекарска дозвола да игра во Италија бидејќи има вграден дефибрилатор, се пресели во редовите на Брентфорд. Тој иако имаше понуда и од Тотенхем се определи да потпише за тимот од – „Олд трафорд“. Искусниот фудбалер претходно ги бранеше боите на Интер, Тотенхем и Ајакс.
Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе се бори за бронзениот медал на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир. Ние денеска загубивме од селекцијата на Египет со 34:20. „Фараоните“ одиграа одлично во текот на целиот меч и сосема заслужено влегоа во решавачката битка за златото. Во нашиот состав Павле Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Марко Стојковиќ и Иван Џонов дадоа по три гола. Македонија во мечот за третото место ќе игра со поразениот од денешниот дуел Шпаниј- Србија кој ќе започне во 19.00 часот.
