Управата на Реал Мадрид одлучи да го отпушти тренерот на кошаркарскиот тим Пабло Ласо кој во јуни доживеа срцев удар и поради тоа не можеше да го води тимот во финалето на плеј-офот во шпанското првенство во кое „кралевите“ ја совладаа Барселона.
Ласо минатата сезона го предводеше Реал до финалето на Евролигата во кое загуби од Анадолу Ефес.
Челниците на „кралскиот клуб“, најавија дека внимателно ќе ја следат рехабилитацијата на Ласо и доколку има можност повторно ќе го ангажираат по една година.