Според шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, екипата на Мерцедес направила тактичка грешка при првиот пит-стоп на Луис Хамилтон на вчерашната трка за ГН на Велика Британија.
Домашниот возач комплетираше 33 круга на Силверстон со средни гуми, но, потоа се соочи со многу проблеми. Според Хорнер, тоа било грешка на стратезите на „сребрените стрели“, кои мораа да побараат да се ставата меки гуми .
Првите тројца на крајот, Карлос Саинц, Хамилтон, Серхио Перез и другите останаа со меки гуми во последните 13 круга.
