Author: dino

Фудбалерот, Мехмед Челик, го напушти составот на Лил и се пресели во редовите на Рома. Целиот трансфер е во висина од 7 милиони евра со тоа што францускиот тим ќе добие и одреден процент од наредната продажба на фудбалерот. Десниот бек е третото ново име кај Римајните кои претходно ги обезбедија услугите наа  голманот Свилар и на Матиќ.

Read More

Марко Асенсио нема да ја одработи последната сезона од договорот со Реал Мадрид, најавија медиумите во Шпанија. Иако младиот играч од средниот ред има тековен догвор до јуни во 2023 година, се погласни се шпекулациите дека „кралевите“ сакаат да се ослободат од неговите услуги. Трансферната вредност на Асенсио е околу 30 милиони евра. За неговите услуги наводно е заинтересиран италијанскиот Милан. 

Read More

Од полноќ  на трансфер пазарот ќе се појават крајно атрактивни фудбалски имиња од кои може да се формира стартна постава во една екипа. Според одредени анализи, може да се состави тим во формација 4-3-3 и тоа со играчи што имаат богато искуство од сите меѓународени конкуренции. Пример, на голот да биде Оспина, во одбраната: Алвеш, Саис, Тарковски и Марсело. Во средниот ред, Мата, Ериксен и Лингард и во нападот Дембеле, Суарез и Дибала. Токму тие 11 играчи од полноќ ќе бидат слободни и ќе може да бараат нови клубови.

Read More

Паоло Малдини и Рики Масара кои се наоѓаат на раководните позиции во Милан имаат време до полноќ да одлучат дали ќе ги прифатат новите договори. Според Газета дело Спорт, не се во прашање парите туку желбата на двајцата да имаат поголема улога во креирањето на клупската политика која опфаќа трансфери и буџет за засилувања. Ќе потсетиме дека Милан по подолг период конечно успеа да го освои Скудетото во Серија „А“.

Read More

Италијанските медиуми денеска објавија, дека фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, во текот на наредната работна недела ќе ги реализира медицинските тестови во Фиорентина. Српскиот напаѓач треба да игра како позајмен во Фиренца откако двата клуба постигнаа договор во кој нема опција за откуп на неговиот потпис. Шпанците и Италијанците по половина ќе ја покриваат платата на 24-годишниот фудбалер.

Read More

Фудбалерот, Бруно Фернандеш, не верува дека неговиот соиграч во Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо ќе ги напушти „црвените ѓаволи“ во текот на летниов трансфер период. „Каква е ситуацијата со Кристијано Роналдо? Разговарав со него пред неколку недели, очекувам да се сретненме на 4-ти на претсезонскиот тренинг“ – вели Португалецот. „Мислам дека Манчестер Јунајтед нема да сака да загуби толку вреден ресурс како Кристијано“ – изјави Фернандеш за медиумите во неговата татковина.

Read More

Поранешниот фудбалер за врска на Арсенал и на Англија, Џек Вилшир, е во преговори со раководството на „топчиите“ да се врати во клубот како тренер за играчи до 18 или до 23 години. Менаџерите на дветe селекции Кевин Бетси и Ден Микиќ си заминаа претходниот месец за да го преземат Крули Таун. Според лондонскиот – „ Ивнинг Стандард“, Вилшир  разговарал со  поранешниот соиграч Пер Мертезакер, кој е на високи позиции во академијата на Арсенал.

Read More

Шефот на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, вели дека растечката инфлација ќе донесе проблеми кај одредени тимови кои нема да можат да се справат со лимитираниот буџет од 140 милиони долари. „Мислам дека тоа ќе биде катастрофа за Формула 1.  Знам дека ФИА преговара со Либерти Медиа бидејќи никој не очекуваше инфлација“ –  вели Хорнер. Екипите на Ферари и Мекларен признаа дека поради зголемените трошоци веројатно ќе го прескокнат плафонот.

Read More

Формула 1 тимот на Ред Бул одлучи да ја прекине соработката со резервниот возач, Јури Випс. Естонецот деновиве беше суспендиран поради расистички изјави за време на електронска игра со друг пилот на Академијата на Ред Бул, Лиам Лосон. Луѓето од Ред Бул тогаш ветија дека ќе има „целосна истрага“ за инцидентот а резултатите се видливо многу брзо – од денеска Випс повеќе не е пилот на Ред Бул.

Read More

Новите сопственици на фудбалскиот состав Челзи забрзано работат на засилување на тимот за наредната сезона. Последните информации најавуваат дека „сините“ го обезбедиле потписот на Рафиња од Лидс кој за 65 милиони евра и плус 10 како бонуси ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“. Иако имаше шпекулации дека Бразилецот ќе замине во Арсенал, сепак понудата на Челзи била многу подобра и веднаш била прифатена од Лидс.

Read More