Author: dino

NBA

Екипата на Лос Анџелес Клиперс го продолжи договорот со хрватскиот кошаркар, Ивица Зубац за уште 3 години за сума од 33 милиони долари. 25-годишниот играч започна како стартер во 204 натпревари последните 4 сезони. Тој дојде од градскиот ривал Лејкерс во 2019 година. Зубац претходната сезона ја заврши со просек од 10,3 поени, 8,5 скокови, 1,6 асистенции и 1 блокада.

Read More

Инвестициска компанија – „Sixth Street“ ќе купи 10% од телевизиските права на Барселона. Договорот ќе донесе 205 милиони евра во касата на каталонскиот гигант. Неодамна раководството на Барселона одлучи да понуди на продажба 49,9 отсто од делот од клубот, кој работи со лиценцирање и продажба, како и 25 отсто од телевизиските права за наредните 25 години. Се проценува дека на тој начин „Камп Ноу“ ќе се обезбедат меѓу 500 и 700 милиони евра за стабилизирање на финансиската состојба.

Read More

Бразилецот, Силва, го советува неговиот сонародник од ПСЖ, Нејмар, да прифати понуда и да си замине од францускиот фудбалски состав. „ Нејмар мора да оди во Челзи. Ако навистина се случи тоа што се пишува, за него ќе биде најдобро да дојде во Челзи“ – изјавил искусниот стопер . Неговата реакција доаѓа откако медиумите објавија дека ПСЖ сака да го продаде Нејмар иако пред само една година го продолжи договорот.

Read More

Турските медиуми денеска објавија дека нашиот фудбалски интернационалец, Езгјан Алиоски, ќе потпише за екипата на Трабзон. Тој по испаѓањето на Ал – Ахли од елитната лига на С. Арабија, одлучи да ја прекине соработката и да реализира трансфер во најдобриот тим во Турција. Левиот бек во нашата селекција неодамна беше во Истанбул да ги договори сите детали.

Read More

Ред Бул ги објави плановите за производство на првиот сериски автомобил кој ќе ја носи ознаката – RB17 и со тоа ќе се вклопи во серијата тркачки автомобили на компанијата за Формула 1. Автомобилот треба да се појави во 2025 година и ќе се произведува во базата во Милтон Кејнс. Дизајнот на RB17 му беше доверен на Адријан Њуи. Спортскиот модел кој ќе има две седишта ќе го придвижува V8 бензински мотор кој работи на хибриден систем. Неговата моќност ќе бидепреку 1100 коњски сили

Read More

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, се наврати на годинешново финале во Лигата на фудбалските шампиони во Париз меѓу Реал Мадрид и Ливерпул. Мечот започна со задоцнување откако се случија серија инциденти предизвикани од страна на англиските навивачи. Најголемиот дел од нив сакаа без влезници или со фалсификувани да влезат на трибините. „Организаторите на финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу шпанскиот Реал Мадрид и англискиот Ливерпул мораа да имаат подобар пристап кон настанот. Јас сум делумно одговорен за тоа што се случи. Им се извинувам на сите што настрадаа од лошата организација“, рече Дарманен.

Read More

Кошаркарот, Никола Калиниќ, ќе го напушти составот на Црвена Ѕвезда и ќе замине во Барселона откако се решени сите административни детали поврзани со неговиот поранешен тим Валенсија. Имено, тој кога го напушти шпанскиот состав се обврза дека клубот ќе може да го врати назад во АЦБ-лигата. Затоа Барса сега мораше да ја плати таа клаузула во висина од 250.000 евра за да дојде до потписот на Калиниќ.

Read More

Фудбалерот, Габриел Жесус, кој деновиве го напушти шампионот на Англија, Манчестер Сити, денеска треба да потпише со екипата на Арсенал. Медиумите објавија дека брзоногиот напаѓач ќе ги помине задолжителните медицински прегледи и веднаш ќе ја парафира соработката со лондонскиот тим која треба да трае во наредните пет години. „Граѓаните“ за трансферот на Бразилецот ќе добијат 45 милиони фунти.  

Read More

Директорот на фудбалскиот тим Спортинг, Хуго Виана, не верува дека Кристијано Роналдо може да се врати во татковината во текот на летниот трансфер период. Португалецот не крие дека не е задоволен што нема да игра во Лигата на шампионите со неговиот Манчестер Јунајтед а медиумите упорно шпекулираат дека дури може и да си замине. .„Мислам дека сега не е можно. Самиот ќе одлучи каде ќе оди. Има уште една година договор,  ќе видиме што ќе одлучи “ –  изјави Виана.

Read More

Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров ќе се бори за златото на Медитеранските Игри во категорија до 97 килограми откако во полу-финалето го совлада Елдерс Мустафа од Египет со 6 спрема 1.   Нашиот борач претходно оствари три победи против Магомедгаџи Мохамед Саадаоуи (Тунис), Мохамед Фарџ (Алжир) и Алехандро Канада Панкорбо (Шпанија).  Нуров утре од 19.30 во финалето ќе се бори со Фејзулај Ахтук од Турција.

Read More