Author: dino

Денеска беше објавен распоредот за новата сезона во Серија А која започнува на 14 август. Шампионот Милан одбраната на Скудетото ќе ја започне на Сан Сиро против Удинезе. Интер првиот меч ќе го игра на гостински терен кај Лече а Наполи кај Верона. Јувентус на стартот ќе го пречека Сасуоло додека Рома ќе гостува кај Салернитана. На другите терени во 1 коло ќе играат: Фиорентина – КремонезеЛацио – Болоња, Монца – Торино, Специја – Емполи иСампдорија – Аталанта

Read More

Поранешниот турски фудбалски репрезентативец, Окан Бурук, го презеде кормилото на гигантот Галатасарај и потпиша договор на две години, соопшти екипата од Истанбул. Тој во 2020 година го предводеше Башакшехир до првата шампионска титула во домашното првенство. Бурук за селекцијата на Турција настапи на 56 натпревари а во Галатасарај помина 12 години.

Read More

Дефанзивецот на Севилја, Жил Кунде е се поблиску до преселба во Челзи откако ги договорил личните услови со лондонскиот клуб. Весникот „АС“ тврди, дека трансферот на „Стемфорд Бриџ“ е многу блиску до релизација иако англичаните и шпанците допрва треба да ги прецизираат деталите. 23-годишниот Кунде е стандарден француски репрезентативец а трансферот би требало да изнесува околу 65 милиони евра.  

Read More

Фудбалерот на Сасуоло, Доменико Берарди, вели дека е подготвен да ја промени ситуацијата и да се пресели во друг тим бидејќи целата кариера ја има поминато кај „зелено-црните“. „Ми се допаѓа да живеам во Модена, тука сум цели 11 години. Мислам дека многу дадов за клубот“ – вели одличниот голгетер. „Дојдов до точката кога евентуалната промена може да биде голем предизвик. Причината за тоа се мојата сопруга и моето семејство кои ми даваат поддршка“ – изјави Берарди.

Read More

Раководството на Милан може да ја купи ѕвездата на Астон Вила, Даглас Луиз, ако пропадне трансферот на Ренато Санчез од екипата на Лил. Агентите на бразилскиот репрезентативец вчера пристигнале во Милано и наводно ги договориле личните услови со „росонерите“. Даглас Луиз ја одработува последната година од договорот и сака да ја промени средината. Вкупната сума на трансферот може да се реализира за 20 милиони евра.

Read More

Боксерот, Џејк Пол, официјално ја објави борбата со Томи Фјури. Двајцата ќе имаат меч на 6 август во Медисон Сквер Гарден во Њујорк (САД). Првично истиот требаше да се одржи на крајот на 2021 година но, тогаш Фјури се повреди. Пол има пет победи од кои четири со нокаут. Фјури има осум победи. -Официјалната прес-конференција и продажбата на влезниците ќе биде в среда на 29 јуни во 11 часот“, напиша Пол на социјалните мрежи.

Read More

Мерцедес најави дека болидот W13 ќе има драстично подобрување за наредната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Британија. Директорот наекипата, Мајк Елиот, ги најави промените без многу да навлегува во истите. Тој сепак не крие дека е оптимистички расположен. „Сигурно ќе се обидеме да бидеме што е можно подобри. Ќе имаме нови компоненти кои треба да му дадат стабилност и брзина на болидот на патеката Силверстоун. Ќе биде многу тешко да останеме во чекор со Ред Бул и Ферари“ – вели Елиот.

Read More

Фудбалерот на Ајакс, Ентони, има желба во текот на летниот трансфер период да ги напушти „копјаниците“ и да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед, објавија денеска дел од медиумите во Англија. 22-годишниот Бразилец сака повторно да работи под диригентската палка на тренерот,  Ерик тен Хаг, кој од 1 јуни седна на кормилото на тимот од „Олд Трафорд“. Трансферната вредност на Ентони е околу 35 милиони евра што не треба да биде проблем за премиер-лигашот.

Read More

Челниците на Челзи ја разгледуваат можноста да испратат понуда за дефанзивецот на Јувентус, Матијс Де Лихт. Холандскиот фудбалски репрезентативец има откупна клаузула вредна 120 милиони евра и треба да одработи уште две години од актуелниот договор со „старата дама“. Сепак, луѓето од Торино се подгoтвени да се разделат со него доколку добијат примамлива понуда.

Read More

Фудбалерот, Анхел ди Марија, кој летово го напушти тимот на ПСЖ чека понуда од Барселона. Брзоногиот играч во меѓу време одби две понуди од Јувентус бидејќи се надева дека кариерата ќе ја продолжи во Шпанија. Доколку тоа се случи, Аргентинецот ќе биде еден од ретките фудбалери кои ги носеле дресовите на големите ривали Барса и Реал Мадрид.

Read More