Author: dino

NBA

Орландо Меџик го избра Паоло Банкеро како број 1 на годинешниот драфт на Националната кошаркарска асоцијација. Церемонијата се одржа во Центарот Баркли, домот на Бруклин Нетс. Орландо последен пат во 2004 година доби можност да го избере најдобриот млад играч кој ќе дојде во НБА. „Не можам да верувам што се случи. Сакав да бидам во НБА но, не знаев дека ќе бидам број 1. Неверојатно е, немам зборови во моментов“ – изјави Банкеро. Оклахома Сити под број 2 го избра 20-годишниот центар, Чет Холмгрен додека трет на драфтот беше Џабари Смит (19) кој ќе игра за Хјустон.

Read More

Медиумите во Англија, Германија и Шпанија, најавија дека Кристијано Роналдо размислува да го напушти фудбалскиот тим на Манчестер Јунајтед иако треба да ја одработи последната сезона од договорот. Весникот – „АС“, тврди, дека Португалецот е разочарн што нема да настапи во Лигата на шампионите и затоа планира да замине во друг состав. Во текстот за наведува дека Роналдо може да замине во Германија во Баерн Минхен доколку Роберт Левандовски добие дозвола да ги напушти Баварците.

Read More

Германскиот стратег на клупата на Челзи, Томас Тухел, сака да го ангажира фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио. Двајцата соработува одлично во Пари Сен Жермен и тренерот добро ги познава квалитетите на Французинот. Згора на тоа, Јуве е подготвен да го пушти за скромни 20 милиони евра. Рабио за екипата од Торино одигра 129 натпревари со ефект од 6 голови и исто толку асистенции.

Read More

Шпанската престолнина Мадрид побара преку официјално писмо упатено до претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали, градот да добие трка во така наречениот – „циркус на тркала. Шпанското ГП  е на патеката покрај Барселона  – „Каталуња“ од 1991 година но, договорот истекува во 2026 година. -Мадрид нуди голем спортски и забавен спектакл. Нашиот регион има фантастичен економски и социјален развој во последните неколку години и стануваме престижна дестинација“, се вели во писмото упатено до Доменикели.

Read More

Фудбалерот на ПСЖ, Андер Ерера, очекува францускиот тим набрзо да ја освои ЛИгата на шампионите или единствениот трофеј кој недостасува во трезорот. „Сигурен сум дека ќе имаме нова шанса. Пред две години против Баерн во Лисабон промашивме многу и бевме казнети. Според шансите, требаше да победиме“ – вели Ерера. Во сезонава бевме одлични на двата меча со Реал Мадрид, бевме доминантни 160 минути, но на Реал му требаа само 20 за да не победи. Тоа е фудбалот“ – вели Ерера

Read More

29-годишниот репрезентативец на Австрија, Мартин Хинтерегер, изненадувачки се определи да ја заврши фудбалската кариера. „Се радував на успехот во Лига Европа, тоа беше мојот прв голем резултат со Ајнтрахт. Мислев да ја завршам кариерата уште изминатата година“ – вели  Хинтерегер. Тој има настапувано и за Аугсбург, Борусија Менхенгладбах и Салцбург.

Read More

Лацио започна преговори за левиот бек на Челзи, Емерсон, пренесува „Фудбал Италија“. Дефанзивецот минатата сезона ја мина на позајмица во Лион. Таму одигра 29 натпревари и постигна 1 гол и 2 асистенции. Лондончани дури се обидоа да го вратат во јануари но, Французите одбија. Сега „сините“ се подготвени трајно да се разделат со играчот кој има желба да се врати во татковината. За Емерсон се заинтересирани и Рома, Палермо и Наполи. Сепак, Лацио е главниот  фаворит. Дефанзивецот е проценет на околу 14 милиони евра.

Read More

Фудбалскиот состав Интер дефинитивно се откажа од преговорите со Паоло Дибала откако успеа во намерата да го врати Ромелу Лукаку. Новинарот, Џанлука Ди Марцио, тврди дека ситуацијата е драстично променета иако до пред некој ден „нероаѕурите“ имаа серија контакти со агентите на Аргентинецот. Според одредени најави, Дибала може да замине во шпанската Севилја која му нуди годишна плата од 3 милиони евра.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, се осврна на титулата во Лигата на шампионите освоена по големото финале со Ливерпул. „Тоа што освоивме пет титули во последните девет сезони најдобро говори за нас. Можам да кажам дека имаме еден од најдобрите тимови во светот“ – вели дефанзивецот. „Имаме магија и мотив да направиме неверојатни работи. Од ништо не се плашиме“ – нагласи играчот на актуелниот европски клупски шампион.

Read More

Фудбалскиот стратег, Зинедин Зидан, ја одбил понудата на ПСЖ бидејќи сака да ја има улогата на селектор на Франција, објавија повеќето медиуми во Европа. Ќе потсетиме дека  сегашниот предводник на „галските петли“, Дидие Дешамп, ќе си замине кон крајот на годинава веднаш по Светското првенство во Катар. Се претпоставува дека Зидан има усмен договор со луѓето од Француската фудбалска федерација и затоа не сака да преземе ниту еден клуб.

Read More