Орландо Меџик го избра Паоло Банкеро како број 1 на годинешниот драфт на Националната кошаркарска асоцијација. Церемонијата се одржа во Центарот Баркли, домот на Бруклин Нетс. Орландо последен пат во 2004 година доби можност да го избере најдобриот млад играч кој ќе дојде во НБА.
„Не можам да верувам што се случи. Сакав да бидам во НБА но, не знаев дека ќе бидам број 1. Неверојатно е, немам зборови во моментов“ – изјави Банкеро.
Оклахома Сити под број 2 го избра 20-годишниот центар, Чет Холмгрен додека трет на драфтот беше Џабари Смит (19) кој ќе игра за Хјустон.