Author: dino

Англискиот фудбалски состав Челзи објави дека Брус Бак по 19 години ќе ја напушти претседателската позиција. Американецот сепак ќе остане во клубот во улога на советник. Челзи минатиот месец беше купен од конзорциум предводен од сопственикот на бејзбол тимот од Лос Анџелес, Тод Боли. Во исто време клубот го напушти и  Марина Грановскаја која ја имаше улогата на извршен директор. Таа беше централна фигура во креирањето на политиката кај „сините“.

Read More

Испразнетото место во Челзи по заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер, може да го пополни фудбалерот на Евертон, Ричарлисон, објавува денеска – „Liverpool Echo“. Бразилецот иако се наоѓа и на списокот за трансфери на Арсенал и на Тотенхем, прогнозите велат дека може да се пресели на „Стемфорд Бриџ“. 25-годишниот напаѓач во изминатата сезона постигна 10 гола на 32 натпревари во сите конкуренции. Неговиот договор со „карамелите“ е валиден до летото во 2024 година.

Read More

Поранешниот турски репрезентативец, Арда Туран, ќе се повлече од теренот и ќе се активира во раководните гарнитури на  Галатасарај. Тој во последната сезона забележа само 12 мечеви и 1 асистенција за „жолто-црните“. Туран имаше забележителни моменти во Примера Дивизион додека ги носеше дресовите на Атлетико Мадрид и на Барселона. Најголемиот успех со турската репрезентација го постигна на Континенталниот собир во 2008 година кога се израдува на бронзениот медал.

Read More

Тренерот, Симоне Инзаги, кој го освои фудбалскиот Куп на Италија и Супер-купот, се согласил да ја продолжи соработката со Интер до 2024 година. Новиот договор ќе му ја зголеми плата која досега му беше 4 милиони евра годишно. Сега неговите примања ќе бидат 5,5 милиони. Инзаги претходно и со Лацио имаше забележителен успех во сезоната 2019/20. Медиумите на „Чизмата“, тврдат дека Интер денеска ќе излезе со конкретни информации околу новиот договор на поранешниот напаѓа на „аѕурите“.

Read More

Македонската  пливачка, Миа Блажевска-Еминова, успеа да го подобри државниот рекорд на патеката 100 метри грбно. Таа на Светското првенство во Будимпешта обезбеди време од 1:04,11 со што за речиси 30 стотинки го надмина националниот рекорд кој исто така беше во нејзина сопственост. Нашата најдобра пливачка на собирот во Унгарија го освои вкупно 30-то место откако во втората квалификациска група дојде до третата позиција.

Read More

Денеска во Келн ќе биде спуштена завесата на Лигата на шампионите во ракомет за мажи. Од 18.00 часот во меч за шампионскиот трофеј ќе се сретнат шпанската Барселона и Киелце од Полска. Каталонците ќе имаат шанса да станат првиот тим во историјата што успеал да го одбрани европскиот трон. Претходно од 15.15 часот Унгарскиот Веспрем на нашиот Дејан Манасков ќе се бори за третото место со германскиот Кил. Вчера во полу-финалето, Барса го совлада Кил  со 34:30 додека Киелце беше подобар од Телеком Веспрем со 37:35.

Read More

Белгискиот фудбалер, Ромелу Лукаку, во наредните денови треба да пристигне во Милано и да потпише за екипата на Интер, најавува денеска – „Газета дело Спорт“. Корпулентниот напаѓач кој отпадна од првата постава на Челзи а имаше и одредени недоразбирања со тренерот, Томас Тухел, се согласил да му се намали платата само за да се врати кај „нероаѕурите“. Според договорот на двата тима, Интер ќе плати 10 милиони евра за едногодишна позајмица.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, веројатно ќе го напушти тимот откако „граѓаните“ успеаја да го ангажираат Ерлинг Халанд, кој дефинитивно ќе ја има главната улога во фазата на нападот. Бидејќи Стерлинг има договор до наредното лето, Сити нема намера да дозволи да замине како слободен афудбалер и затоа е подготвен да го продаде за околу 50 милиони евра. Првите информации велат дека за потписот на брзоногиот играч е заинтересиран составот на Челзи.

Read More

Репрезентативецот на Австрија, Марсел Сабицер по само една сезона може да го напушти составот на Баерн Минхен, најавија денеска медиумите во Германија. 28-годишниот фудбалер иако беше купен од Лајпциг како големо засилување, сепак не ги оправда очекувањата на челниците на тимот. Затоа Баварците се подготвени да го продадат за скромни 15 милиони евра а главен конкурент за неговиот потпис е италијанската Рома.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, сака да го ангажира играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, како замена за Садио Mане кој деновиве се пресели во екипата на Баерн Минхен. Младиот фудбалер на „кралевите“ неодамна истакна, дека не е задоволен од минутажата и финансиските услови и затоа сака да го напушти стадинот – „Сантијаго Бернабе“. Таа ситуација ќе се обидат да ја искористат „црвените“ и да го убедата да се пресели на – „Енфилд“.

Read More