Author: dino

Нашите најдобри одбојкари денеска од 16.00 часот ќе излезат на мегдан со селекцијата на Унгарија во обид да го освојат третото место во Европската Сребрена лига. Ние вчера во полу-финалето загубивме од Финска со 3-1 додека домаќинот на завршниот Ф4 турнир беше совладан убедливо од Романија со 3-0. Финалниот меч во Будимпешта меѓу Романиците и Скандинавците ќе започне во 19.00 часот.

Read More

Одбојкарската репрезентација на Македонија нема да игра во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига откако загуби денеска од Финска со 3:1 по сетови  25:22, 20:25, 25:18, 25:16. Најдобар поентер на средбата беше нашиот капитен Никола Ѓорѓиев со 23 додека кај Финците се истакна Аро Никула со 17. Утре Македонија ќе игра за бронзениот медал со поразениот од второто полуфинале во кое се среќаваат Романија и Унгарија. Завршницата на Сребрената Европска Лига се игра во Будимпешта – Унгарија.

Read More

Ла Лига ќе бара „раскин на договорот со Килијан Мбапе“ и ќе го изведе Пари Сен Жермен пред европскиот суд. Тоа го соопшти адвокатот на лигата во Франција, Хуан Бланко, за агенцијата Франс прес. Случајот против ПСЖ ќе биде за „легалноста на договорот на Мбапе“, објасни адвокатот на прес-конференција. „Француската лига воопшто не требаше да го признае овој договор. Комисијата мораше да ги идентификува клупските прекршувања на финансискиот фер-плеј на национално ниво и на меѓународно ниво“ –  додаде тој. Доколку тие дејствија не се испочитуваат, случајот ќе биде упатен во Управниот суд во Париз.

Read More

Пилотот на Хаас, Мик Шумахер, вели дека е крајно лудо екипите во Формула 1 да поминат речиси 9000 километри  од Баку до Монтреал за само неколку денови. Временската разлика меѓу двата града во Азербејџан и Канада е осум часа што ќе биде дополнителен проблем да се адаптира биоритамот кај сите учесници. „Тоа е тешко патување за сите. Патуваме од еден континент до друг. Сигурен сум дека кога ќе се вратиме во Европа ќе биде полесно да влеземе во ритам бидејќи ќе се патува со камиони“ – изјави Шумахер.

Read More

Фудбалскиот состав на Брајтон го привлече Парагваецот, Хулио Енсисо, од Клуб Либертад. Англискиот состав за неговиот потпси  ќе плати 9,5 милиони фунти. 18-годишниот талент потпиша четиригодишен договор. Енцисо имаше силна сезона со Либертад, постигнувајќи 11 гола и 3 асистенции на 14 првенствени натпревари. Тој дебитираше за репрезентацијата на Парагвај во јуни 2021 година и  има одиграно пет натпревари.

Read More

Ливерпул и Баерн се договорија за трансферната сума на напаѓачот Садио Мане. Баварците за фудбалерот ќе платат 41 милион евра. 32 милиони се фиксна сума, 6 милиони ќе предвидени за бонуси за одиграни натпревари а 3 милиони за индивидуалните и тимските достигнувања. Сенегалецот ги договор личните услови со германскиот тим и ќе потпише договор на три години.

Read More

Фудбалерот, Ноа Ланг, кој сака да го напушти белгискиот состав Бриж, изјави, дека немал никакви контакти со луѓето од Милан и дека е изненаден од таквите наводи во медиумите. „Во моментов немам договор со Милан или друг клуб. Немам поим од каде доаѓаат сите тие вести“ – потенцираше фудбалерот од Холандија. Одличниот играч кој неодамна доби повик во репрезентацијата на „лалињата“ е траснферна цел на повеќе европски клубови.

Read More

Возачите во Формула 1 на Канадското ГП ќе можат да го активираат  ДРС системот во три посебни делови на патеката. Првиот ќе биде на линијата меѓу свиоците седум и осум а точката за активирање ќе биде лоцирана на 15 метри по петтиот свиок. Самото активирање ќе се случи 95 метри по излезот од седмиот свиок. Втората зона ќе биде на рамниот дел а активирањето ќе се одвива на 155 метри пред линијата која е означена како свиок 12. Последната зона ќе биде на стартно-целната линија кога пилотите ќе да може да го отворат задното крило 70 метри по излезот од…

Read More

Членот на Хаас, Кевин Магнусен, вели дека викенд-трката  за Големата награда на Канада ќе биде многу тешка за возачите на Формула 1. „Монтреал е многу кул место. Патеката е убава, единствена , наликува на улична , но, во исто време и на хибрид, што многу ми се допаѓа. Исто така е многу нерамномерна и значително ќе ни отежни со новите болиди“ – вели Магнусен. „Целта е да освоиме бодови. Мислам дека имаме возило за да го направиме тоа. По Канада ќе имаме европска сезона без долги патувања – едвај го чекам тоа“ – изјави Магнусен.

Read More

Фудбалскиот состав Саутемптон успеа во намерата да го купи голманот на Манчестер Сити, Гевин Базун, за 12 милиони фунти со тоа што сумата може да се искачи и до 15-ет доколку се остварат одредени бонуси. 20-годишниот чувар на мрежата во претходната сезона во Премиер-лигата одигра 46 мечеви како позајмен во Портсмут. Базун откако ќе ги помине медицинските прегледи денеска треба да го потпише договорот со новиот тим.

Read More