Возачите во Формула 1 на Канадското ГП ќе можат да го активираат ДРС системот во три посебни делови на патеката.
Првиот ќе биде на линијата меѓу свиоците седум и осум а точката за активирање ќе биде лоцирана на 15 метри по петтиот свиок. Самото активирање ќе се случи 95 метри по излезот од седмиот свиок. Втората зона ќе биде на рамниот дел а активирањето ќе се одвива на 155 метри пред линијата која е означена како свиок 12.
Последната зона ќе биде на стартно-целната линија кога пилотите ќе да може да го отворат задното крило 70 метри по излезот од последниот – 14. свиок.