Author: dino

Фудбалерот на Лидс, Келвин Филипс, може да го засили средниот ред на Манчестер Сити, најавија денеска медиумите во Англија. Шампионот на Премиер-лигата сака целата работа да биде завршена пред да ја стартува летната турнеја во САД. 26-годишниот фудбалер во последната сезона во Премиер лигата одигра 20 натпревари и постигна 1 гол.

Read More

Новиот систем за потврдување на офсајд може да дебитира на Светското фудбалско првенство во Катар. Потврда за тоа доаѓа и од првиот човек на ФИФА, Инфантино. „На Светското клупско првенство го тестиравме системот и делуваше одлично. Задоволни сме од развојот а конечната одлука ќе ја донесеме непосредно пред почетокот на Мундијалот“ – изјави Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Шефот на судиската комисија, Пјерлуиџи Колина, исто така е задоволен од системот кој треба да им помогне на луѓето во ВАР собата за побрза реакција.

Read More

Холанѓанецот, Марко Ван Бастен, кој беше страв и трепет за противничките голмани ги издвои според него најдобрите тројца фудбалери во историјата. Поранешната ѕвезда на Ајакс и Милан, се определи за Пеле, Диего Марадона и Јохан Кројф. „Кројф ми беше пријател, како мал секогаш сакав да бидам како Кројф, – изјавил Ван Бастен. „Меси е фантастичен фудбалер но, Марадона секогаш носеше поголем печат во тимот“ – изјави поранешниот голгетер.

Read More

Фудбалерот од Холандија, Рајан Гравенбер,  кој го напушти Ајакс и се пресели во Баерн Минхен, откри дека имал разговори и со луѓето од Манчестер Јунајтед посебно со неговиот поранешен тренер, Тен Хаг, кој сега седи на клупата на „црвените ѓаволи“. „Манчестер Јунајтед е многу голем клуб, но, јас му дадов збор на Баерн„ – потенцираше Рајан. 20-годишниот црномурест фудбалер се вбројува меѓу најголемите светски таленти.

Read More

Фудбалерот, Бојан Миовски, кој денеска погоди во мрежата на Гибралтар на мечот во Лигата на Нации, вели дека е пресреќен поради дебитантскиот гол во националниот дрес. „ Да се постигне гол за националниот тим е најубавото чувство за секој фудбалер. Додека има математички шанси за првото место во групата ќе се бориме до крај“ – вели Миовски. „ Дадовме гол во третата минута, по што беше полесно. Постигнавме четири гола за 30 минути а во второто полувреме селекторот направи повеќе замени и нашата игра малку падна.“- потенцира нашиот фудбалер.

Read More

Македонија денеска го совлада Гибралтар со 4-0 и остана во трка за челната позиција на табелата во „Ц“ сегментот во Лигата на Нации откако Грузија и Бугарија ремизираа без голови. Селекторот на нашите фудбалери, Благоја Милевски, вели дека без разлика на резултатот во Тбилис, треба да жалиме за поразот од Грузијците во Скопје. „Загубивме како што загубивме а што ќе се случува до крајот останува да видиме. Јас сум задоволен од момците, покажаа пристап кој мора да се пофали“ – вели Милевски. „Им честитам на момците за желбата за успех, им благодарам на сите што беа дел од овој камп…

Read More

Македонија ја оправда фаворитската улога против Гибралтар и оствари убедлива победа со 4 спрема 0 во рамките на четвртото коло во „Ц“ Лигата на Нации. На мечот одигран на Арената во Скопје, сите голови беа постигнати во првиот дел. Серијата ја отвори Барди во 4 минута од слободен удар, ја продолжи Миовски со два гола во 14 и 16 минута а ја затврои Чурлинов во 31 минута. Во вториот меч во нашата група Грузија и Бугарија одигра без голови на мечот во Тбилиси. На табелата, Грузија е лидер со 10 бодови, Македонија има 7, Бугарија 2 а Гибралтар 1 бод.…

Read More

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес, утре треба да пристигне во Англија за да ги направи задолжителните медицински тестови пред да потпише со Ливерпул, објавија тамошните медиуми. Уругваецот за кој на Бенфика и беа платени 100 милиони евра ќе  потпише договор за 6 години. Според – „Liverpool Echo, „црвените“  ќе платат фиксна сума од 75 милиони евра плус 15-ет во форма на бонуси. Сумата може да се зголеми за уште 10 милиони доколку Ливерпул има успешна сезона со освоени трофеи.

Read More

Фудбалскиот состав, Фатих Карагумрук, потврди дека легендарниот фудбалер на Италија и на Јувентус, Андреа Пирло, ќе седне на тренерската клупа. За 43-годишниот Пирло тоа ќе биде втор ангажман во тренерските води откако една сезона помина во Јувентус (2020/21).  Пирло има одиграно 116 натпревари за Италија и постигнато  13 гола. Тој е дел од генерацијата што го освои Мундијалот во  Германија во 2006 година. Пирло како играч настапуваше за: Бреша, Интер, Реџина, Милан, Јувентус и Њујорк Сити.

Read More

Весникот – „Газета дело спорт“ денеска објави, дека челниците на Интер и агентите задолжени за трансфер на фудбалерот, Паоло Дибала, во текот на работната недела ќе имаат средба за да ги договорат условите за трансфер. Понудата на „нероаѕурите“ е 3 + 1 година со фиксна плата од 6 милиони евра и уште 1 милион во форма на бонуси. Аргентинецот кој летото го одработи договорот со Јувентус, деновиве е на одмор во Мајами.

Read More