Author: dino

Фудбалерот, Андреас Кристенсен, го напушти составот на Челзи. Данецот си замина од стадионот – „Стемфорд Бриџ“ откако му истече договорот. Негова наредна дестинација е шпанската Барселона.  Стоперот дојде кај „сините“ во 2012 година и беше дел од вториот тим. Тој во периодот од 2015 до 2017 година беше позајмен во германскиот тим Борусија Менхенгладбах. За англискиот состав  одигра вкупно 161 меч.

Read More

Алан Миљачо, кој му е агент на Зинедин Зидан, негира дека францускиот фудбалски тренер имал било какви преговори со луѓето од ПСЖ. „Ниту Зидан ниту јас не сме разговарале со сопственикот на ПСЖ. Сите такви изјави се шпекулации“ –  рече Миљачо. Зидан откако го напушти Реал Мадрид се дистанцираше од фудбалот иако имаше понуди од англиските  Њукасл и Манчестер Јунајтед.

Read More

Томислав Јотовски и Антони Генов, не обезбедија пласман во финалето во двојки на ИТФ тенискиот фјучерс во Скопје. Македонско-бугарската комбинација загуби од  третите носители, Симон Фреунд и Јоханес Ингилдсен, во два сета со 6-3 и 6-4. Тенисерите од Шведска и Данска сега ќе играат со првите носители, Филип Бергеви и Моз Ехаргуи.

Read More

Нашите најдобри фудбалери го претрпеа првиот пораз во новата сезона во „Ц“ сегментот во Лигата на Нации. По ремито со Бугарија и победата кај Гибралтар, избраниците на Милевски вечерва загубија на Арената в Скопје од селекцијата на Грузија со 3 спрема 0. Гостите ги казнија сите наши слаби моменти во одбраната и сосема заслужено ги однесоа бодовите. Грузија е лидер во групата со максимален ефект. Македонија има 4 бодови, Бугарија два а Гибралтар 1 бод. Во наредното 4 коло в недела, ние ќе го дочeкаме Гибралтар а Грузија ќе и биде домаќин на Бугарија.

Read More

Фудбалските фанови од Израел ќе можат да заминат на Мундијалот во Катар иако двете земји немаат дипломатски односи, соопшти денеска израелското Министерство за надворешни работи. Министерот, Жаир Лапид, зборуваше за „дипломатски успех кој ќе ги израдува навивачите“ откако објави дека добил потврда за случајот од Меѓународниот фудбалски центар (ФИФА). Израел не се квалификува за интерконтинеталниот собир но, Светското првенство „ни отвора уште една врата за топла, нова врска“, рече Лапид.

Read More

Луѓето од Манчестер Јунајтед може во „пет до 12“ да го ангажираат фудбалерот на Бенфика, Дарвин Нуњес, иако сите се убедени дека напаѓачот на португалскиот тим во текот на летово ќе замине во Ливерпул. Медиумите тврдат дека агентот на играчот, Жорге Мендеш, денеска имал средба со менаџерот на „црвените ѓаволи“. Ерик тен Хаг. Веста ја потврдува и познатиот новинар, Фабрицио Романо, кој сепак, нагласи, дека Ливерпул е во напредни преговори со Бенфика. Трансферната вредност на напаѓачот е околу 100 милиони евра.

Read More

Англиската фудбалска Премиер лига ќе воведе засилени безбедносни мерки за да спречи инциденти. Предлогот беше едногласно усвоен на состанокот на раководствата на фудбалските клубови кои се договорија да обезбедат дополнителни стјуарди. Во последните недели од минатата сезона имаше неколку случаи на влегување навивачи на теренот. Во последното коло, во кое Манчестер Сити ја освои титулата, навивач на „граѓаните“ го удри шведскиот голман на Астон Вила, Робин Олсен, во масовната инвазија на теренот на стадионот „Етихад“. Претходно слична инвазија имаше и од навивачите на Евертон, кога нивниот омилен тим победи со 3:2 против Кристал Палас и обезбеди опстанок во елитата.

Read More

Фудбалските состави од Англија, Манчестер Јунајтед и Челзи, се заинтересирани за играчот од средниот ред на ПСВ (Ајндховен), Ибрахим Сангаре. Според наведеното од страна на – „Sky Sports“, 24-годишниот фудбалер во неговиот договор има клаузула за ослободување во висина  од 8 милиони евра. ПСВ го привлече Сангаре од Тулуз во септември во 2020 година. Тој во изминатата сезона одигра 49 натпревари во сите конкуренции.

Read More

Раководството на Ливерпул ја одби и втората официјална понуда за Садио Мане што ја доби од Баерн (Минхен). Според Би-Би-Си, предлогот бил вреден 30 милиони фунти. Тоа е за пет повеќе од првиот. Изворот тврди дека „црвените“ бараат 42,8 милиони фунти за напаѓачот. Мане деновиве е во камп со репрезентацијата на Сенегал која игра во квалификациите за Африканскиот куп на нации.

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дозволил од август повторно да се игра фудбал иако неговата земја се наоѓа во воена состојба со Русија. Затоа првиот човек на украинскиот фудбал, Андриј Павелко, ги информирал УЕФА и ФИФА. „Јас разговарав со нашиот претседател Зеленски за тоа колку фудбалот е значаен во овие тешки моменти. Разговаравме колку фудбалот има моќ да им помогне на луѓето за да размислуваат за иднината а знаеме под каква психоза се моментно“ – рече Павелко.

Read More