Author: dino

Доколку Садио Мане остане на ставот дека ќе си замине од редовите на Ливерпул, тогаш „црвените“  ќе се обидат да ангажираат фудбалер на Челзи, се наведува денеска во медиумите на Островот. Станува збор за Кристијан Пулишиќ, кој не е задоволен од минутажата што ја доби од тренерот, Томас Тухел. Затоа репрезентативецот на САД јавно нагласи дека планира да ја промени средината и дека чека евентуални понуди.

Read More

Луѓето од Манчестер Јунајтед во текот на претходната сезона внимателно ги следеле настапите на Холанѓанецот, Дензел Демфрис, тврди денеска – „Калчомеркато“. 26-годишниот фудбалер на Интер имаше одлично деби во Калчо-лигата. Тој на 45 средби постигна 5 голови и направи 7 асистенции. „Нероаѕурите“ во претходното лето му платија 14 милиони евра на ПСВ Ајндховен за да го добијат договорот на Демфрис. Иако играчот од средината на теренот има тековна соработка со италијaнскиот тим до 2025 година, вестите од Милано велат дека челниците на тимот се подготвени да го продадат доколку добијат добра понуда.

Read More

Фудбалерот, Герет Бејл, кој има богата ризница на клупски план, конечно успеа да замине и на Мундијалот во Катар откако репрезентацијата на Велс по цели 64 години повторно ќе биде дел од големиот собир. „Си го остваривме сонот со пласманот на Светското првенство. Ќе бидеме горди на успехот“ – рече Бејл и се насочи кон неговите планови. „Веројатно ќе мора да ја одложам пензијата“ – беа зборовите на Бејл кој последниот ангажман го имаше во редовите на европскиот шампион, Реал Мадрид.

Read More

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ја коментираше битката за титулата во Формула 1. Тој вели дека на тимот не му е значајно дали Макс Верстапен или Серхио Перез ја освоиле титулата. „Сезоната е многу, многу долга и допрва ќе се развива. Добро е да имаме двајца пилоти на чело“ – рече Хорнер. „Чеко е во форма на кариерата, одлично си ја врши работата. Се сеќаваме на неговата пол-позиција во Џеда. Нашите двајца пилоти треба да работат заедно исто како што работеа досега“ – вели Хорнер.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, кој беше прогласен за МВП во последната сезона во Премиер-лигата, вели дека доаѓањето на Ерлинг Халанд на стадионот – „Етихад“ ќе донесе нов квалитет во тимот. „Треба да се развиваме и да напредуваме. Мислам дека во првата сезона може да постигне 20-25 голови“ – беа дел од зборовите на Белгиецот. Халанд кој вчера го псотигна победничкиот гол за Норвешка на гостувањето во Србија во Лигата на Нации, неодамна ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели во англискиот фудбал.

Read More

Францускиот фудбалски репрезентативец, Пол Погба, не знае каде ќе ја продолжи кариерата откако го напушти составот на Манчестер Јунајтед. Медиумите наведуваат дека за неговиот потпис се заинтерсирани Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ и дека првата конкретна понуда ја добил од Италија. Наводно,  „старата дама“ од Торино му понудила плата од осум милиони евра годишно со вклучени бонуси. Тоа е речиси половина од примањата што ги имаше на – „Олд Трафорд“.

Read More

Фудбалерите на Шпанија и Португалија вчера во Севилја одиграа 1:1 во групата 2 од Лигата А во Лигата на нации а домашниот напаѓач, Алваро Мората, вели дека „фуријата“ требала да победи. Домаќинот поведе токму со голот на Мората во 25 минута додека Португалците изедначија со погодокот на Рикардо Орта на десет минути пред крајот. „Моравме да ги докрајчиме но, им дозволивме да се вратат во мечот и да обезбедат реми. Треба да аналзираме што се случи и да размислуваме за нредниот меч“ – беа зборовите на Мората.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем нема да ја искористат опцијата во договорот за да ги откупат правата на голманот, Пјерлуиџи Голини. 27-годишниот чувар на мрежата во штотуку завршената сезона одигра само 10 натпревари во сите конкуренции и прими 11 голови. Голини во претходното лето беше испратен на позајмица од Аталанта, но, не успеа да ги убеди челниците на „спарси“ да му дадат перманентен договор. Тоа значи дека младиот голман ќе мора да се врати во Бергамо.

Read More

Фабио Капело, еден од највлијателните фудбалски тренери во Италија, не крие дека е многу задоволен од работата на директорите на Милан, Паоло Малдини и Фредерик Масара. Тој во последното интервју, нагласи дека двајца имаат голем придонес за освојувањето на титулата во Серија „А“. „Малдини и Масара одлично се справија со трансферите. Паоло е неверојатно талентиран и многу паметен“ – вели Капело. „Уште еден позитивен факт е отпорот против доаѓањето на Ралф Рангник иако сопствениците сакаа да го ангажираат Германецот без да побараат мислење од управата“ – потенцираше Капело.

Read More

Познатата патека Ред Бул Ринг во Австрија која е дел од календарот во Формула 1, во наредните два дена биде домаќин на втората трка од првенството на – „Twingo Cup“ на која ќе настапат рекорден број возачи – 34. Македонија има девет претставници кои ќе се обидат да ја победат конкуренцијата од Словенија, Италија, Србија, Чешка и од Австрија. Покрај за Twingo Cup истите трки ќе се бодуваат и за FIA CEZ првенството и за националните првенства на Словенија и на Македонија. Првата трка е утре од 19,30 часот а втората в недела од 10,55 часот.

Read More