Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ја коментираше битката за титулата во Формула 1. Тој вели дека на тимот не му е значајно дали Макс Верстапен или Серхио Перез ја освоиле титулата.
„Сезоната е многу, многу долга и допрва ќе се развива. Добро е да имаме двајца пилоти на чело“ – рече Хорнер.
„Чеко е во форма на кариерата, одлично си ја врши работата. Се сеќаваме на неговата пол-позиција во Џеда. Нашите двајца пилоти треба да работат заедно исто како што работеа досега“ – вели Хорнер.
