Author: dino

Медиумите во Англија објавија дека тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, планира да направи голем ремонт во текот на летото. Според наведеното, на трансфер листата ќе бидат ставени : Танги Ндомбеле, Давинсон Санчез, Хари Винкс, Џовани Ло Селсо, Стивен Бергвејн, Серхио Регион и Џо Роден. Во исто време се верува дека Италијанецот сака да купи голман, двајца стопери, централен играч за врска и напаѓач.

Read More

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, пред денешниот пријателски меч со Аргентина од 20.45 часот закажан на легендарниот англиски стадион – „Вембли“, вели дека тоа ќе биде фудбалска класика. „Ќе биде одличен и интересен натпревар. Штета што останавме без Киеза, Имобиле, Берарди и Верати. Двете селекции се многу силни“ – вели селекторот на „аѕурите“. Италија е актуелен европски шампион додека „гаучосите“ се победници на Копа Америка за 2021 година.

Read More

Англискиот фудбалски состав Брајтон сака да го доведе напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт. Данецот кој за неколку дена ќе наполни 31 година ќе биде ставен на трансфер-листата а „галебите“ ќе се обидат да го  купат , пишува – „Мундо Депортиво“. Фудбалерот кој се соочуваше со повреди и одигра само 4 натпревари на кои постигна 2 гола. Информациите од „Камп Ноу“ велат дека искусниот фудбалер не влегува во плановите на тренерот, Чави и сигурно ќе си замине.

Read More

Големата ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин,  доби УЕФА А тренерска лиценца од Белгиската фудбалска федерација. Тој две години работеше за да ја оствари целта со тоа што последните 12 месеци за да ги исполни условите беше поврзан со јуниорите на Манчестер Сити. Тоа значи дека најдобриот играч во Премиер – лигата во штотуку завршената сезона, јасно стави до знаење дека по завршувањето на кариерата планира да влезе во тренерските води.

Read More

Англиските портали објавија декас луѓето од Манчестер Јунајтед полека ги финишираат преговорите со фудбалерот на Вилјареал, По Торес. Агентите на 25-годишниот дефанзивец неколку недели водат интензивни разговори за негов ангжман на – „Олд Трафорд“. Торес во последнава сезона одигра 33 мечеви со ефект од 5 голови и 1 асистенција. За Шпанија има реализирано 17 натпревари и постигнато 1 гол. Во моментов нема конкретни информации за висината на трансферот.

Read More

Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта, му одговори на првиот човек на шпанскиот фудбал, Хавиер Тебас , кој рече дека Каталонците не може да си го дозволат Риоберт Левандовски со оглед на лошата финансиска ситуација. „По јавните манифестации на претседателот на Ла Лига кој вели дека не можеме да купиме одреден фудбалер, сакам да го потсетам која е неговата функција. Тој треба да ги брани придобивките на Ла Лига и на клубовите во Шпанија“ – потенцираше Лапорта. Деновиве се посилни се шпекулациите дека Полјакот ќе го напушти Баерн Минхен и ќе се пресели во Каталонија.

Read More

Карим Бензема е прогласен за МВП во Лигата на шампионите а неговиот соиграч од нападот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ја доби наградата за најдобар млад фудбалер, потврди денеска УЕФА. По финалето во Париз во кое „кралевите“ го совладаа Ливерпул со минимални, 1-0, Европската куќа на фудбалот традиционално го одреди идеалниот тим на сезоната. Голман е Куртоа (Реал Мадрид), во одбраната се вметнати: Александар-Арнолд (Ливерпул), Рудигер (Чези), Ван Дајк (Ливерпул) и Робертсон (Ливерпул), во средниот ред се запишани Де Бруин (Манчестер Сити), Модриќ (Реал Мадрид) и Фабињо (Ливерпул) додека место во нападот добија, Мбапе од ПСЖ заедно со Бензема и…

Read More

Откако возачот на Ферари, Чарлс Леклер, изјави дека не е задоволен од тоа што се случуваше во неговиот бокс на трката во Монако, реагираше поранешниот шампион во Формула 1, Дејмон Хил. „Мислам дека на Ферари им е добро познато дека направија многу грешки. Возачот може да го критикува тимот додека тоа не стане проблем“ – вели Хил кој ја освои титулата во 1996 година. Леклер сега заостанува 9 поени зад Макс Верстапен иако по првите 3 трки имаше дури  46 поени предност.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Франк де Јонг, вели дека сака да остане кај Каталонците, но, ако добие понуда од друг клуб, веднаш ќе влезе во преговори. Поради финансиските проблеми на „Камп Ноу“ луѓето од клубот размислуваат дали да го продадат Холанѓанецот во Манчестер Јунајтед. „Преферирам да продолжам во Барса, бидејќи тоа е клубот од моите соништа уште од детството. Никогаш не зажалив што дојдов но, ако се јави некој клуб, ќе го кренам телефонот. Секогаш сум го правел тоа“ – изјави играчот од средниот ред. Де Јонг не сакаше да каже дали контактирал со неговиот поранешен тренер од Ајакс, Ерик Тен…

Read More

Челниците на Манчестер Сити и тренерот, Пеп Гвардиола, нема да брзаат да ја обноват соработката која треба да финишира догодина, објавија денеска медиумите во Англија. Шпанецот кој  неодамна се израдува на четвртиот пехар во Премиер-лигата во последниве пет сезони, сепак, не успеа да го донесе на „Етихад“ толку посакуваниот трофеј од Лигата на шампионите. „Заедно правиме значајни работи и ќе седнеме да преговараме кога ќе дојде вистинско време“ – рече првиот човек на „граѓаните“, Ал Мубарак.

Read More