Килијан Мбапе експресно ја демантираше веста дека направил список на фудбалери кои треба да си заминат од „Паркот на принцовите“ во текот на летниот трансфер период. Откако младиот Французин ја продолжи соработката со ПСЖ, медиумите излегоа со објава дека Мбапе ќе има отворени раце да учествува во креирањето на тимот. Сега Мундо Депортиво, наведува дека на така наречената „црна“ листата се тренерот Маурисио Покетино, бразилската ѕвезда Нејмар, Мауро Икарди, Јулијан Дракслер, Тило Келер, Леандро Паредес, Андер Ерера, Данило Переира, Хуанезе Переира, Пабло Сарабија, Колин Дареа, Серхио Рико и Ливеин Курзава
Author: dino
Најдобриот македонски кик-боксер Димитар Ѓорѓиев, кој е носител на светски и европски титули, денеска ќе ја има првата професионална борба во кариерата и тоа за титулата на ВАКО во лоу-кик дисциплина, до 81,4 килограми. Тој вечер во Зворник (Босна и Херцеговина) ќе има борба со предизвикувачот, домашниот кик-боксер, Никола Дробњак. Мечот треба да стартува околу 22.30 часот. Во шестата борба ќе настапи и вториот Македонец, Бобан Илиоски, во дисциплината К-1, до 83,4 килограми.
Македонија денеска одигра нерешено со Бугарија во Разград 1:1 на стартот на Лигата на нации а нашиот селектор ,Благоја Милевски, не крие дека не е задоволен од резултатот. „Игравме со носителот во групата и требаше да победиме. Задоволен сум од начинот на кој пристапија фудбалерите и како го одиграа второто полувреме. Не сум задоволен од резултатот“ – вели Милевски. „Имавме повеќе ситуации да дојдеме до водство и да победиме. Во првите 15 минути ни се случи деконцентрација а тоа нѐ чинеше гол. На крајот си одиме само со бод“ – без зборовите на Милан Ристовски кој го изедначи резултатот на…
Најдобриот фудбалер во Лигата на шампионите во завршената сезона, Карим Бензема, се потсети на почетоците во Реал Мадрид и на перидот кога имал недоразбирања со Жозе Мурињо. „Мојата прва сезона, првите шест месеци во Реал Мадрид беа многу тешки . Не зборував шпански, сè ми беше компликувано. Дојдов во еден поразличен свет отколку во Франција. За среќа, Не се откажав“, изјави Бензема за „Марка“. „Имав проблеми со Мурињо. Се сретнавме во хотелот ден пред натпреварот со Мајорка. Разговаравме и тој ми рече дека нема да ме стави во тимот. Се скаравме и му реков: „Стави ме во првиот тим утре,…
Челниците на фудбалскиот состав Лидс се блиску до трансфер на дефанзивецот на РБ Салцбург, Расмус Кристенсен, тврди весникот – „The Telegraph“. Според изворот, тренерот на англискиот тим, Џеси Марш, добро ги знае квалитетите на 24-годишниот Данец од неговиот престој во австрискиот клуб и сака да го привлече во Лидс. Преговорите се во напредна фаза и се очекува трансферот да биде околу 10 милиони фунти. Расмус Кристенсен минатата сезона за РБ Салцбург постигна 10 гола и направи 8 асистенции на 44 натпревари.
Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, го искажа цврстиот став дека не прифаќа влез на олигарси во клубовите вклучувајќи ги и Баварците. „Олигарсите дефинитивно немаат никаква улога во нашата иднина. Тие никогаш немале и никогаш нема да имаат“, рече Кан. „Олигарх не е вистинскиот збор за да се опише случувањето во светот на фудбалот. Станува збор за цели земји кои поседуваат акции во клубови како Саудиска Арабија во Њукасл или Катар во Пари Сен Жермен“ – вели поранешниот голман.
Нашите најдобри фудбалери со нерешените 1:1 против Бугарија на мечот одигран во Разград, ја започнаа новата сезона во групата 4 Ц во Лигата на Нации. Домаќинот поведе во 13. минута преку Десподов додека изедначувањето го донесе Милан Ристовски по само пет минути игра во вториот дел. До крајот на средбата нашите репрезентативци имаа неколку шанси но, резултатот не се промени. Во судиското продолжение Французинот Пињар досуди пенал за Бугарија по наводно играње со рака на Муслиу, но ВАР покажа дека има прилепена рака на телото и судијата ја поништи одлуката за пенал. Во вториот меч во нашата група селекцијата на…
Нашите млади фудбалери ја забележаа втората победа во квалификациската група за пласман на Европското првенство откако беа подобри од Ерменија со 3 спрема 1 на мечот одигран на теренот на ФФМ. Гостите поведоа во 9. минута преку Симонјан, но, избраниците на Канатлорвски успеаа да направат до крајот комплетен пресврт со головите на Максимов, Илиевски и Емини. Македонија последниот меч во групата ќе го одигра на 5 јуни во Истанбул против Украина. Мечот е на неутрален терен поради случувањата на релација Русија-Украина.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска организираше прием за нашите каратисти кои остварија одлични резултати на Европското првенство во Газиантеп во Турција. Таму Петар Спасеновски во категорија до 84 кг. го освои бронзениот медал, Вероника Костовска во борби до 61 кг. дојде до петтото место додека машкиот ката тим заврши на седмата позиција. На приемот во АМС покрај Спасеновски и Костовска, присуствува и Александар Спасовски (кати) и селекторите, Стојан Андриевски (кати) и Александар Кузмановски (борби).
Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека најмногу жали за двете загубени финалиња во Лигата на шампионите. „Кога би можел, многу би сакал да го преиграм првото финале во Лигата на шампионите против Барселона. Во почетокот на натпреварот скапо ги плативме повредите а како што рече големиот Еторе Месина, одличните дефанзивци ги добиваат натпреварите. – рече Алегри „Јуве има специфична ДНК, која се заснова на здрава работа. Тоа е најголемиот тим во Италија кој има многу успеси во Европа“ изјави Алегри.
