Author: dino

Англиските гиганти Челзи, Ливерпул и Тотенхем ќе бидат извлечени од вториот стаклен сад кога ќе се формираат групите за новата сезона во Лигата на шампионите на 25 август, потврди денеска УЕФА. Тоа значи дека „сините“, „црвените“ и „спарси“ ќе можат да се соочат со Реал Мадрид, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен уште во првата фаза во елитата на Европа. Според рангирањето и правилата, единствен тим од Англија кој влезе меѓу носителите е шампионот Манчестер Сити.

Read More

Фудбалерот, Ерлинг Халанд, кој набрзо ќе го облече дресот на Манчестер Сити, се осврна на престојот во Борусија Дортмунд. Тој за медиумите во Норвешка проговори за тоа што му се случувало во германскиот состав. „Последните неколку месеци беа многу тешки. Направив се што беше во моја моќ. Сега сум подготвен за четири натпревари со Норвешка. Се чувствувам многу среќен “ – изјави напаѓачот на Норвешка. Неговата селекција во јуни двапати ќе игра против Шведска а потоа ќе се соочи и со Србија и Словенија во Лигата на нации.

Read More

Ралф Рангник дефинитивно ќе го напушти фудбалскиот состав на Манчестер Јунјатед и ќе се насочи само кон обврските како селектор на Австрија. „Имав разговори со раководните лица и дојдовме до заклучок дека ќе биде најдобро за нив и за мене да го раскинеме договорот  за советник во клубот“ – изјави Германецот кој досега беше тренер на „црвените ѓаволи“. Неговото место од неодамна го зазеде Холанѓанецот, Ерик тен Хаг, кој успеа да ја освои тутулата со Ајакс во шампионатот на Холандија.

Read More

УЕФА го одреди Французинот Жереми Пињар да го суди мечот во Разград меѓу Бугарија и Македонија на стартот на новото издание на Лигата на Нации. Помошници ќе му бидат Орелиен Дру и Лоран Конилјо додека улогата на четври судија ќе ја има Микаел Лесаж. Во „Ц“ конкуренцијата во Лигата на нации и покрај со Бугарија ќе играме и со Гибралтар и со Грузија. Првата средба на теренот на нашиот источен сосед ќе го одиграме на 2 јуни со почетокот во 18.00 часот.

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов, не крие дека е крајно изреволтиран од тоа што во Лигата на нации ќе треба да се одиграат 4 мечеви за само 10 денови. „Кога веќе дојдовме тука, дојдовме да одиграме максимално.  Кога доаѓаш за репрезентацијата ништо не е тешко, но, ова е катастрофа што се случува, за десет дена да одиграш четири натпревари“ – вели Николов. „Во тоа не можеме да навлегуваме ние, си има нови правила така што ќе биде тешко. Мислам дека ќе покажеме на наредните четири натпревари дека ќе го поминеме и ова и ќе победиме на сите“ – изјави Николов.…

Read More

Мексиканецот, Серхио Перез, со болидот на Ред Бул победи на хаотичната трка низ улиците на Монако возена во рамките на светскиот шампионат во Формула 1. Второто место му припадна на членот на Ферари, Карлос Саинц додека трет низ целта помина Макс Верстапен вториот возач на Ред Бул.Натаму до 10-то место се наредија: Леклер, Расел, Норис, Алонсо, Хамилтон, Ботас и Фетел. Трката започна со едночасовно задоцнување и со помош на безбедносното возило поради лошите временски услови. Потоа дојде тешкиот инцидентот на Мик Шумахер и прекинот кој траше 30 минути. На крајот по речиси три часа возбудувања, возачите поминаа само 64 кругови…

Read More

68 лица се приведени од кои 39 се задржани во притвор по вчерашните инциденти во Париз пред финалето на Лигата на фудбалските шампиони меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, објави денеска француската полиција. Во соопштението се наведува дека пред почетокот на мечот имало нереди откако голем број навивачи се обиделе насилно да влезат на стадионот по што морала жестоко да реагира полицијата. Според француските власти имало многу фанови без влезници или со фалсификувани што дополнително направило проблеми за органите на редот.

Read More

Игор Стефановски – Иџе  победи на ридско-планинската трка во Штерберк (Чешка) која беше возена во рамките од ФИА шампионатот на Европа. Нашиот автомобилист иако имаше одредени проблеми со неговото возило „Хјундаи И30“, на крајот успеа да победи пред Австриецот, Дитхард Штернад. Двократниот шампион ја обезбеди вторате сезонска победа по премиерната оставрена во португалската Брага. Ќе потсетиме дека Иџе  беше второпласиран на трката во Франција.

Read More

Ракометарот, Жарко Пешевски, од наредната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. 31-годишниот репрезентативец кој доаѓа од германскиот состав Шутгарт потпиша договор за три години. Пивотмeнот претходно ги бранеше боите на Металург и Мотор Запорожје. За нашата најдобра селекција игра од од 2013 година. Битолчани претходно ги договрија и Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери и Дмитри Васиљев.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров, Муарем Бајрами, ќе остане кај „лавовите“ најмалку до 2024 година. Тој откако го наследи Александар Таневски, влезе во неверојатна серија без пораз која траеше повеќе од четири месеци. Под неговата диригентска палка, Македонија го освои и победничкот пехар во националниот Куп. Нареден предизвик за тимот од скопската населба, Ѓорче Петров, ќе биде учеството во квалификациите за Конференциската лига.

Read More