Ракометарот, Жарко Пешевски, од наредната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. 31-годишниот репрезентативец кој доаѓа од германскиот состав Шутгарт потпиша договор за три години.
Пивотмeнот претходно ги бранеше боите на Металург и Мотор Запорожје. За нашата најдобра селекција игра од од 2013 година.
Битолчани претходно ги договрија и Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери и Дмитри Васиљев.