Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, веројатно ќе успее да дојде до потписот на голманот на Саутемптон, Фрејзер Фостер, кој и во текот на зимата се потенцираше како можно засилување за „Спарси“. Англискиот тим сака по секоја цена да обезбеди резервна опција за Уго Лорис кој останува како прв избор за гол-линијата. Сегашниот резервен чувар на мрежата на англискиот состав, Пјерлујџи Голини, кој играше како позајмен од Аталанта, веројатно ќе се врати во Италија.

Read More

Голманот на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон, дефинитивно планира да си замине од  стадионот – „Олд Трафорд“ бидејќи не ја добива потребната минутажа покрај стандардниот Давид Де Геа, велат последните информации од Англија. Доколку неговата желба се реализира, „црвените ѓаволи“ ќе направат напор да го ангажираат голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили. Станува збор за млад, 21 годишен чувар на мрежата кој веројатно ќе добие шанса да брани во Лигата на Европа.

Read More

Дефанзивецот на Лидс, Диего Љоренте,  ќе го замени повредениот, Америк Лапорте, во шпанската фудбалска репрезентација за стартот на Лигата на нации. Лапорте се најде на списокот од 25 играчи избрани за првите четири натпревари закажани во почетокот на јуни. „Фуријата“ првиот меч од групата 2 ќе го одигра во Севилја на 2 јуни против Португалија. Три дена подоцна следува меч со Чешка во Прага, како и гостување во Швајцарија на 9 јуни. Шпанија на 12 јуни во Малага ќе се сретне со Чешка.

Read More

Кошаркарите на Бостон Селтикс дојдоа на чекор до финалето на НБА лигата откако во текот на ноќта го совладаа Мајами на негов терен со 93:80 и поведоа со 3-2 во финалето на Истокот. Во победничкиот тим се издвоија Џејлан Браун со 25 поени и  Џејсон Тејтум кој имаше 22 коша, 12 скока и 9 асистенции. Ветеранот Ал Хорфорд заврши со 16 поени а Дерик Вајт постигна 14. За Мајами, Бам Адебајо заврши со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока. Гејб Винсент имаше 15 а Џими Батлер 13 поени. Шестиот меч ќе биде одигран в петок наутро на теренот на…

Read More

Португалецот, Жозе Мурињо, влезе во историјата како првиот тренер што успеал да ги освои трофеите во трите европски фудбалски конкуренции. Неговата Рома вчера победи против Фееенорд во финалето на Конференциската лига во премиерното издание под капата на УЕФА а „специјалниот“ се израдува на 5-от пехар од европските купови. Мурињо два пати ја освои ЛШ со Порто (2004) и Интер (2010), има два пехара од Лига Европа со Порто (2003) и Манчестер јунајтед (2017) и сега Конференциската лига со Рома. „Испишав историја! Ги одбивам сите можни понуди, останувам во Рома! – вели тренерот на „волчицата“.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Винициус Жуниор, вели дека ќе остане во шпанскиот состав иако се појавија шпекулации дека може да ја промени средината во текот на летото. „ПСЖ се интересирал за мене? Сакам да останам во Реал Мадрид и сум многу блиску до продолжување на договорот“ – вели луцидниот голгетер. Неговиоt тим в сабота во Париз го очекува финалето во Лигата на шампионите против англискиот Ливерпул.

Read More

Нашите најдобри одбојкари со очекувана победа ја започнаа Сребрената Лига. Тие вечерва во Скопје славеа против БИХ со 3-0 по сетови 25:16, 25:17 и 25:23, Најдобар на теренот беше нашиот капитен, Никола Ѓорѓев,  кој забележа 24 поени. Новиот селектор, Ратко Павличевиќ имаше одлично деби. В сабота ќе се појавиме на теренот на Романците а потоа  ќе одиграме  два меча со Албанија. Тоа се дуели во рамките на групата „А“.

Read More

Десниот бек на Удинезе, Ноел Молина, ќе биде главна цел на Атлетико Мадрид во текот на летниот преоден рок. Италијанскиот и шпанскиот состав деновиве ќе започнат преговори за сума од 10 милиони евра. 24-годишниот Аргентинец има договор до летото во 2026 година. Молина во сезоната што заврши во изминатиот викенд, одигра 37 мечеви  во сите конкуренции со ефект од 8 голови и 5 асистенции.

Read More

Поранешниот белгиски фудбалски репрезентативец, Винсент Компани, преговара за тренерското место на Барнли, пишува денеска весникот – „Дејли мирор“. Тој имаше долга кариера во Манчестер Сити или цели 11 години пред се врати во матичниот клуб Андерлех прво како фудбалер а потоа тренер и спортски директор. Барнли е во потрага по постојан менаџер по завршувањето на сезоната. Компани сепак не е единствениот кандидат, тврди изданието, туку прв на листата од три опции.

Read More

Шефот на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, вели дека очекува тешка битка за титулата иако светскиот шампион, Макс Верстапен, успеа да победи на три врзани трки и да се пробие на чело на табелата. „Не, не очекувајте Макс да доминира. Нашите ривали се многу силни. Очекувам многу жестока битка цела сезона. Макс не е непобедлив“ – вели Хорнер. „Мерцедес покажа одлични перформанси во Шпанија и затоа не би го отпишал. Претстојат многу трки и има многу бодови за освојување. Знаеме дека и Ферари има многу брзо возило“- вели Хорнер.

Read More