Шефот на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, вели дека очекува тешка битка за титулата иако светскиот шампион, Макс Верстапен, успеа да победи на три врзани трки и да се пробие на чело на табелата.
„Не, не очекувајте Макс да доминира. Нашите ривали се многу силни. Очекувам многу жестока битка цела сезона. Макс не е непобедлив“ – вели Хорнер.
„Мерцедес покажа одлични перформанси во Шпанија и затоа не би го отпишал. Претстојат многу трки и има многу бодови за освојување. Знаеме дека и Ферари има многу брзо возило“- вели Хорнер.
