Кошаркарите на Бостон Селтикс дојдоа на чекор до финалето на НБА лигата откако во текот на ноќта го совладаа Мајами на негов терен со 93:80 и поведоа со 3-2 во финалето на Истокот.
Во победничкиот тим се издвоија Џејлан Браун со 25 поени и Џејсон Тејтум кој имаше 22 коша, 12 скока и 9 асистенции. Ветеранот Ал Хорфорд заврши со 16 поени а Дерик Вајт постигна 14. За Мајами, Бам Адебајо заврши со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока. Гејб Винсент имаше 15 а Џими Батлер 13 поени.
Шестиот меч ќе биде одигран в петок наутро на теренот на Бостон.
