Почесниот претседател на германскиот фудбалски гигант Баерн (Минхен) Ули Хенес не може да поверува дека Барселона е подготвена да го привлече напаѓачот Роберт Левандовски со оглед на деликатната финансиска состојба на Каталонците. „Барселона сака да го привлече Левандовски, иако пред шест месеци имаше долгови од 1,3 милијарди евра“ – вели Хенес. „Да беа во Германија, одамна ќе банкротираа. Извршител им стои на врат, а тие нудат милионска понуда до играчот на Баерн“, изјави Хонес
Author: dino
Марек Хамшик официјално ја заврши кариерата во репрезентацијата на Словачка откако со Трабзонспор стана шампион на Турција. „Тоа беше долго и убаво патување. Играв со Словачка на Светското првенство во Јужна Африка 2010 година, како и на две европски првенства – во 2016 и во 2021 година“ – вели Хамшик.. „За мене беше голема гордост што ја водев репрезентацијата на на повеќе од 50 натпревари со капитенската лента.“ – нагласи 34 годишниот фудбалер.
Првиот човек на фудбалскиот состав Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи, откри дека Мбапе не ги избрал парижаните само поради парите што ќе ги добие во наредните три години. Младиот фудбалер ќе инкасира речиси пола милијарда евра. „Парите не беа најзначајното нешто поради кои Килијан Мбапе остана“ – вели Келаифи. „Мбапе беше задоволен од нашиот проект. Јас му ветив дека ќе донесеме уште ѕвезди“ – рече Ал Келаифи.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Грилиш е задоволен од првата сезона и од освоената титула во Премиер-лигата .„Беше потешко отколку што мислев. Излегов од мојата комфорна зона“ – вели одличниот играч на „граѓаните“. „ Нова соблекувална, нова средина, нови соиграчи и се во име на успехот“ – потенцираше Грилиш.
Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, кој вчера беше сведок на поразот на неговиот тим кај Кристал Палас, верува дека со одредени промени може да се постигне успех. „Сите гледаме дека ситуацијата не е добра. Ќе мора многу да сработиме во наредниот период“ вели Холанѓанецот. „Мислам дека можеме да го извлечеме потенцијалот од екипата. Ќе ни треба време, но, верувам дека ќе успееме“ – беа зборовите на Тен Хаг кој денеска се појави на стадионот – „Олд Трафорд“.
Кевин де Бруин кој е на чекор да ја освои тутулата во Англија со неговиот Манчестер Сити, е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата. Белгиецот во сезонава која завршува утре, постигна 15 голови и направи седум асистенции. Креаторот на играта на „граѓаните“ по втор пат ја добива наградата откако на првото признание му се израдува во 2020 година. Во изборот учествуваа навивачите преку веб-порталот на Премиер лигата, потоа капитените на сите 20 клубови, како и поголем дел од фудбалските експерти.
Возачот на Ферари во Формула1, Шарл Леклер, ќе започне од првата позцијата на утрешната трка која ќе се вози за Големата награда на Каталонија. Тој денеска пред речиси полни трибини успеа да обезбеди најдобро време во квалификациите и да ги остави на второто и третото место членовите на Ред Бул, Луис Хамилтон и Карлос Саинц Јуниор. Пред утрешниот главен настан во Шпанија кој ќе започне од 15.00 часот, Леклер е лидер кај возачите со 104 бодови. Второто место го има бранителот на титулата Макс Верстапен со 85 а третото Серхио Перез со 66 бодови.
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров го освоија победничкиот пехар во националниот Куп откако на Арената во Скопје го совладаа Силекс на пенали со 4 спрема 3. Мечот во регуларниот дел и продолженито донесе рововска битка, но, со минимален број на шанси. Во пенал-рулетот голманот на „лавовите“, Христијан Стевковски, одбрани два шута на Кратовци додека неговиот соиграч, Сефер Емини, го постигна решавачкиот гол и донесе голема радост за навивачите од Ѓоре Петров. За Македонија Ѓорче Петров тоа е втор пехар во Купот. Првиот беше освоен во 2006 година.
На денешен ден, пред 20 години, женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја откако ја освои Лигата на шампионите. Кометалки во Скопје во реванш мечот за титула го совладаа Херц (26-22) и ја анулираа негативата од првата средба кога загубија 27-25. Мечот одигран во преполната СРЦ „Кале“ донесе голема радост за нашата земја а орото кое се играше на песната – „Македонско девојче“ стана препознатлив знак за женскиот ракомет.
Горазд Михајлов, тренерот на Силекс , посакува со пехар од Купот да ја заврши сезоната откако неговиот тим експресно се врати во прволигашкото друштво. „Ние сме бранители на пехарот и сме единствениот второлигаш кој ќе го брани трофејот. Брзо обезбедивме враќање во елитата, нешто што ни беше приоритет Кој и да игра утре ќе го даде максимумот. Ќе дадеме се од себе, но, се надевам дека ќе победи фудбалот. Во вакви натпревари нема фаворити“ – изјави Михајлов. Капитенот на Кратовци, Даниел Божиновски има богато исксутво кога станува збор за финалето од Купот. „Од самиот старт на сезоната претрпевме драстични промени.…
