Муарем Бајрами, тренер на Македонија Ѓорче Петров пред утрешното финале на Купот против Силекс, вели дека неговите фудбалери се подготвени за голема битка. „Знаеме сите дека не очекува финале против Силекс, натпревар за кој ние од Македонија ЃП сме подготвени бидејќи сосема заслужено сме во финале, ги елиминиравме Академија Пандев, Шкупи, Струга. Јас мислам дека имаме квалитет и верувам дека можеме да го освоиме трофејот“ – вели Бајрами. Капитенот на „лавовите“, Ермедин Адем, очекува пехарот да заврши во Ѓорче. „Цела сезона се бориме за вакви натпревари и сакаме да ја крунисаме сезоната со Куп трофеј. Ја респектираме екипата на Силекс.…
Author: dino
Челниците на фудбалскиот состав Лестер пронајдоа замена за Јури Тилеманс кој во текот на летото веројатно ќе си замине од таборот на „лисиците“ бидејќи за него се заинтересирани повеќе европски гиганти. Наводно, англискиот состав е заинтересиран за ѕвездата на Лион, Усем Ауар. 23-годишниот француски репрезентативец има трансферна вредност од околу 30 милиони евра. Ауар потекнува од школата на „лавовите“ и целата кариера ја помина во татковината. Тој има одиграно 214 натпревари со ефект од 39 голови и 35 асистенции.
Тренерот на фудбалерите на на Њукасл, Еди Хау, планира да купува нови фудбалери во текот на летото иако во јануари потроши повеќе од 90 милини фунти за засилувања. „Тешко е да се планира летната селекција бидејќи пазарот е многу непредвидлив. Имам идеја за тоа какви играчи сакам и како треба да изгледа тимот“ – вели Еди. „Промените што ги планирам може да се направат иако ќе биде многу тешко. Ќе видиме што ќе се случи“ – вели менаџерот на Њукасл.
Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг, има намера да го ангажира дефанзивецот на Лил, Свен Ботман. Холанѓанецот планира да ја засили левата бековска позиција и затоа ќе се обиде да дојде до потписот на 22-годишниот Белгиец. За Ботман во текот на зимата беа заинтересирани Тотенхем и Њукасл. Фудбалерот кој има договор со Лил за уште три години, има трансферна вредност од околу 30 милиони евра.
Челниците на фудбалскиот состав Арсенал планираат да испратат понуда за дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити, објавија дел од медиумите во Англија. Тој има договор до 2026 година, но, Каталонците сакаат да го продадат во текот на летото бидејќи не влегува во плановите на тренерот, Чави. 28-годишниот фудбалер во тековнава сезона главно ја грееше клупата на – „Камп Ноу“.
Напаѓачот на Севилја, Ентони Марсијал, ќе го пропушти натпреварот против Атлетик Билбао во последното сезонско коло во Примера Дивизион. Французинот кој заработи повреда на мечот со Мајорка настапува како позајмен во шпанскиот состав. Тој од јануари реализираше само 12 натпревари на кои постигна 1 гол и направи 1 асистенција. Затоа тимот од стадионот – „Рамон Санчез Писхуан“ нема да ја искористи опцијата за откуп и ќе го врати на „Олд Трафорд“.
Клубови од Шпанија, Германија и Англија, внимателно ја следат ситуацијата со Илкај Гундоган, откако се појавија шпекулации дека фудбалерот на Манчестер Сити најверојатно нема да добие продолжување на договорот. 31-годишниот играч за врска кој беше еден од најдобрите на теренот во тековнава сезона, може да си замине дури и без обештетување иако има договор до летото во 2023 година. Според одредени наводи, главни кандидати за неговиот потпис се Барселона и Арсенал.
Чешката атлетичарка, Зузана Хејнова, која е двократната светска шампионка на 400 метри со пречки, најави дека се повлекува од атлетиката бидејќи е бремена. Таа во изминатите две години имаше проблеми со повредите и последен пат се појави на атлетската патека во септември 2020 година. „ Зад мене е одлична кариера, сега се радувам на новата улога во животот “ – потенцираше 35-годишната атлетичарка. Хејнова има злато од СП во Москва (2013 година) и во Пекинг (2015). Таа на Олимпијадата 2012 во Лондон се накити со бронзениот медал.
Шарл Леклер кој ја има лидерската позиција во Ф1, вели дека не е загрижен за брзината на Ред Бул која му донесе победи на Макс Верстапен на последните две трки во Имола и Мајами. „Факт е дека Ред Бул постојано го подобрува болидот и неговите перформанси. Мислам дека сите бевме свесни дека тоа ќе се случи. Ред Бул се многу силен тим, го знаеме тоа, тука нема изненадување“ – вели Леклер. „Уверен сум во можностите на Ферари и сигурен сум дека подобрувањата во болидот ќе не вратат на врвот. Се надевам дека промените ќе ни помогнат повторно да се бориме…
Националната пливачка федерација на Македонија денеска на средба со новинарите ги промовираше новите членови на раководната гарнитура и воедно ја најави богатата програма на настани во наредниот период. Првиот човек на пливањето, Горан Стојановски, откако потврди дека федерацијата ги има сите дозволи за работа од страна на МОК, АМС и ФИНА, објави дека нашите легендарни маратонци, Томи Стефановски и Евгени Поп Ацев, заедно со Наташа Мешковска и Васил Велков, ќе бидат вклучени во дел од телата на Националната пливачка федерација. Стојановски потенцираше дека ќе се разговара интензивно со АМС да се добие така наречениот „ваучер“, за да може дел од…
