Со денешните мечевите од полу-финалето кај мажите, ќе започне завршниот Ф4 турнир во ракометниот Куп на Македонија кој ќе биде реализиран во салата –„Јасмин“ во Кавадарци. Од 17.00 часот Вардар ќе излезе на мегдан со Еурофарм Пелистер 2. Мечот ќе го судат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски од Скопје. Во вечерниот термин од 20.00 часот, Бутел ќе му биде противник на Еурофарм Пелистер. Мечот им е доделен на судиите Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Утре во полуфиналните дуели кај жение ќе играат. Од 14:00 часот Куманово –Металург а од 17.00 Ѓорче Петров-Чаир. Финалните мечеви во двете конкуренции ќе…
Author: dino
Директорот на Интер, Бепе Марота, ги негира шпекулациите дека ќе го купи Паоло Дибала кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус. „Ние ги имаме најдобрите напаѓачи и нема потреба да се засилуваме во тој дел од екипата“ – изјави кратко Марота. Аргентинскиот фудбалер откако одби да ја продолжи со работката со „старата дама“ во текот на летото ќе се обиде да издејствува нов ангажман. За неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи од Германија и Италија.
Фудбалерите на Арсенал доцна синоќа загубија на теренот на Тотенхем со 3-0 а нивниот тренер, Микел Артета, не крие дека е разочаран од судењето. Домаќините прво добија сомнителен пенал а потоа по искулучувањето на Холдинг имаа и човек повеќе на теренот. Токму тоа не му се допадна на Артета. „Ако кажам што мислам ќе бидам суспендиран на шест месеци. Викнете ги судиите, тие нека ги коментираат одлуките“ – потенцираше тренерот на Арсенал.
Фудбалерот, Фелипе Кутињо, дефинитивно ќе остане во Астон Вила и ќе добие преманентен договор, потврдија денеска англиските медиуми. Бразилецот ќе игра на „Вила Парк“ до 2026 година а Барселона за трансферот ќе добие 20 милиони евра. Кутињо од јануари настапува како позајмен фудбалер и сосема ги задоволи барањата на челниците на англискиот состав. Барселона од неговиот нареден трансфер треба да добие 50%.
Полскиот фудбалер Роберт Левандовски не сака да го продолжи договорот со Баерн Минхен, објавија медиумите во Германија. Првата ѕвезда на Баварците има тековна соработка до 2023 година и нема намера да прифати нов договор. Затоа се очекува бундес-тимот да го стави на трансфер листат во текот на летото за да може да добие одредено обештетување. За неговиот потпис главен кандидат е Барселона иако се споменуваат и одредени екипи од Англија.
Весникот „Билд“ објави дека Eрлинг Халанд ќе има клаузула во Манчестер Сити во висина од 140 милиони евра која може да биде активирана доколку фудбалерот посака да замине од англискиот состав. Норважанецот пред неколку денови потпиша за „граѓаните“ а неговиот сегашен тим Борусија Дортмунд ќе добие 75 милиони евра. 21- годишниот фудбалер иако се поврзуваше со Реал Мадрид, сепак се определи да замине на –„Етихад“.
Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, планира да остане во Рим и во наредната сезона за да ја однесе „волчицата“ во Лигата на шампионите. Сега тој стигна до финалето на Конференциската лига додека во Калчото не успеа да обезбеди место меѓу првите четири екипи и да влезе во елитата на Европа. „Ќе се обидеме да влеземе во Лигата на шампионите но, кога ќе го погледнете изборот на Интер, Милан и Јувентус, ќе разберете дека три од првите четири места се окупирани. Има четврто место, мислам дека можеме да го направиме тоа“ – изјави Мурињо.
Роб Едвардс кој деновиве ја освои титулата во Лига 2 со екипата на Форест Грин и веднаш потоа го напушти клубот ќе биде новиот менаџер на фудбалерите на Ватфорд. Тој ќе го наследи Рој Хоџсон кој ќе си замине на крајот на сезоната откако неговиот тим не успеа да обезбеди опстанок во Премиер Лигата. Според англиските медиуми, Едвардс во договорот со Форест Грин имал клаузула која му овозможувала да си замине кога ќе заврши првенството иако луѓето од клубот реагираат, дека 39 годишниот тренер тајно преговарал со Ватфорд.
Голманот на Ливерпул, Алисон, не крие дека е генерално задоволен како финишира фудбалската сезона за неговиот тим. „Црвените“ се во мртва трка со Манчестер Сити за титулата во Премиер-лигата, на крајот на месецов ги чека финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид додека в сабота ќе го одиграат финалето во Фа Купот против Челзи. „Нашиот тим игра со страст и тоа ни дава дополнителна енергија. Сакаме да го освоиме Купот. Тоа беше една од нашите цели од почетокот на сезоната и сега стигнавме до финалето“ – вели Бразилецот.
Французинот, Клемен Турпин, ќе го суди финалето во Лигата на фудбалските шампиони меѓу Ливерпул и Реал Мадрид закажано на 28 мај на стадионот во Париз. Тој беше во улога на четврти судија во пресметката на двата клуба во финалето пред четири години во Киев кога Шпанците победија со 3:1. Турпин досега се покажа како „таличен “ за Реал Мадрид бидејќи се појави на дуелите со Челзи победа 3-1, потоа со Лудогорец (4:0), Рома (2:0) и Интер (3:2. ). Французинот им судел и на „црвените“ и тоа против Спартак (Москва) (1:1) и против РБ (Лајпциг) (2:0). Романецот, Иштван Ковач, ќе биде…
