Author: dino

Натпреварувачката комисија на ФФМ го суспендираше теренот на Шкендија и го предаде клубот на дисциплинската комисија поради серијата инциденти пред и за време на мечот со Шкупи . Гостите прво беа нападнати пред стадионот од навивачите а потоа еден од нивните играчи беше погоден со камен од трибините. Згора на тоа настрада и еден од помошниците на судијата Ставрев а имаше и физичка пресметка меѓу играчите. Првата суспензија на неопределено време ќе биде за домашниот тренер Артим Шаќири кој е предаден на дисциплинска.

Read More

Лидерот во Формула 1, Шарл Леклер, вели дека неговиот Ферари не може вистински да се бори со Ред Бул доколку не се направат промени во тактичките проценки од „боксот“ пред се околу пневматиците „Дефинитивно треба да најдеме начин да работиме подобро со помеки типови гуми – средни и меки. Во Мајами имаше проблеми со средно тврди гуми дури и во бавните свиоци.Претходно имавме очигледна предност во брзите и средните свиоци“ –  рече Леклер. „Во последните две трки во Ред Бул дефинитивно се поуспешни од нас во тој сегмент. Во текот на трките подобро го контролираат моментот со гумите“ – вели…

Read More

22-годишниот напаѓач на Арсенал, Еди Нкетија, не сака да ја продолжи соработката со „точиите“ доколку не добие гаранција од тренерот, Микел Артета, дека ќе има далеку поголема минутажа, објавија медиумите во Англија. Целата ситуација внимателно ја следи менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, кој има голема желба да го привлече младиот фудбалер. Засега не се потенцира сумата што „чеканите“ би ја понудиле за потписот на Нкетија.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе добие понуда да се пресели или подобро речено да се врати во редовите на Јувентус. 29-годишниот Французин кој има договор до јуни, ќе мора да прифати намалување на платата за околу 50 проценти доколку се определи да замине во Торино. Играчот од средниот ред во англискиот клуб добива околу 15 милиони евра годишно а Јуве ќе му дава максимално 7-8 милиони со бонуси. Погба во сезонава постигна еден гол и направи девет асистенции на 27 натпревари одиграни во сите конкуренции.

Read More

Милан по вторпат во последниве 10 години успеа да собере 80 бода во домашното првенство. „Росонерите“  последен пат тоа го сторија  во сезоната 2011/12 кога завршија на второто место во Серија А. Милан тогаш по 38 кола имаше 80 бода а сега има толку по 36 и ќе може да го зголеми бодовното салдо на последните два првенствени меча. Во 2012 година, Јувентус стана шампион на Италија со 84 бодови. Четата на Пиоли е многу блиску до првата титула во Серија А гледано од 2011 година. „Росонерите“ се лидери на табелата со 2 бода предност во однос на бранителот на…

Read More

КМГ Груп Спорт, агенцијата со големо искуство во реализација на спортски настани од 19 – 24 Јуни, во хотелскиот комплекс „Аквалина“ во Охрид, ќе го организира премиерното издание ракометниот камп „40х20“, како дел од проектот „Ракомет за секое дете“. Кампот предвидува сегментирани тренинзи за посебни групи на деца поделени по возраст и пол од 13-16 годишна возраст, часови по пливање, едукативни предавања во дел на спортска психологија и начин на исхрана за спортисти, многу дружење и забава. Едуцирани тренери специјализирани за работа со деца од најмала возраст, тренери со највисоки Мастер коуч лиценца за ракометари/ки кои имаат потреба од надградба и…

Read More

Членот на Ферари во Ф1, Шарл Леклер, кој вчера заврши на второто место на трката за ГН на Мајами, вели дека имал мали шанси да го победи Верстапен кој максимално го искористи влегувањето на безбедносното возило. „ Во првата серија на кругови имав проблеми со средно тврдите гуми што му овозможи на Макс да ме престигне“ – изјави возачот на Ферари. „Факт е дека брзината беше на страната на Ред Бул. Развојот на болидите ќе биде многу значаен и се надевам дека ќе направиме чекор напред во Шпанија“ – вели возачот на италијанскиот тим.

Read More

Унгарија и Словенија поднесоа заедничка кандидатура за домаќини на Светското првенство во 2023 година, кое првично требаше да се одржи во Санкт Петербург, соопшти Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF). Кон крајот на април и беше одземено правото на Русија да биде домаќин на Светското првенство догодина кое беше закажано за терминот од 5-21 мај. Унгарија и Словенија никогаш не биле домаќини на Светското првенство во хокеј на мраз во највисоката дивизија. Нивната заедничка кандидатура доаѓа откако двете земји добија право на настап во елитната дивизија во 2023 година.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, објасни зошто се поздрави со неговиот колега на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по вчерашната победа во градското дерби во Примера Дивизион. Неговиот потег ги изненади сите бидејќи е познато  дека Аргентинецот не сака да има контакти со противничките тренери откако ќе заврши мечот. „Анчелоти е човек кој многу го почитувам. Карло е извонреден тренер, освои титули во сите пет најсилни лиги во светот. Анчелоти е тренер кој се однесува исто и кога победува и кога губи, тоа ми се допаѓа кај него, – изјави Симеоне.

Read More

По шпекулациите дека францускиот фудбалер, Пол Погба, може да замине во редовите на Манчестер Сити откако налето ќе му заврши договорот со Јунајтед, се огласија повеќе видни личности од англискиот фудбал. Меѓу нив е легендата на Ливерпул, Греем Сунес, кој вели дека бил шокиран кога слушнал за таков можен трансфер. „Тоа нема фудбалска логика. Пеп сака играч што трчаат многу, бара голема пожртвуваност и дисциплина. Погба не може да се носи со темпото во Премиер-лигата“ – потенцираше Сунес.

Read More