Членот на Ферари во Ф1, Шарл Леклер, кој вчера заврши на второто место на трката за ГН на Мајами, вели дека имал мали шанси да го победи Верстапен кој максимално го искористи влегувањето на безбедносното возило.
„ Во првата серија на кругови имав проблеми со средно тврдите гуми што му овозможи на Макс да ме престигне“ – изјави возачот на Ферари.
„Факт е дека брзината беше на страната на Ред Бул. Развојот на болидите ќе биде многу значаен и се надевам дека ќе направиме чекор напред во Шпанија“ – вели возачот на италијанскиот тим.