Возачот на Ред Бул во Формула 1, Алекс Албион, се обиде да објасни од каде доаѓа уникатниот стил на актуелниот шампион, Макс Верстапен. Тој го спореди Холанѓанецот со шесткратниот светски шампион во „MotoGP“, Марк Маркез. „Тоа е чудна споредба, ако гледате „MotoGP“, помислете на пилот како Маркез. Тој има многу специфичен стил. Брз е, многу е тешко да се копира, истото е со Макс“ – вели Албион.
Author: dino
Екипата на Баерн (Минхен) беше критикувана во Германија откако по поразот од Мајнц во Бундес-лигата, фудбалерите заминаа на два дена на така наречен тим-билдинг на шпанскиот остров Ибица. Баварците ја обезбедија десеттата последователна титула во шампионатот а патувањето имаше за цел да го „обедини тимот“, изјави спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ. Тоа не му се допадна на светскиот шампион од 1990 година, Лотар Матеус. – Тоа не требаше да се дозволи, особено по таков натпревар, беа дел од зборовите на Матеус.
Фудбалската репрезентација на Сенегал ќе мора да одигра еден натпревар без публика и да плати парична казна од 175.000 швајцарски франци за инцидентите на мартовскиот плеј-оф против Египет. Тоа го пренесува официјалниот сајт на ФИФА. Навивачите на репрезентацијата на Сенегал светкаа со ласери во лицата на играчите на египетската репрезентација додека ги изведуваа пеналите а ако резултат на то Египќаните не реализираа три удари и беа поразени. Ќе потсетиме дека Египет бараше мечот да се преигра на неутрален терен, но, ФИФА тоа го одби.
Јувентус ќе го откупи договорот на Федерико Киеза кој настапува од 2020 како позајмен од Фиорентина. Договорот меѓу двата клупа е вреден 40 милиони евра. Сумата треба да биде исплатена во рок од три години но, може да се зголеми за уште десет милиони доколку се постигнат одредени услови. „Старата дама“ има платено 10 милиони за позајмица на Киеза. Одличниот напаѓач во наредната сезона ќе го носи дресот со бројот 10 кој сега го има Паоло Дибала. Познато е дека Аргентинецот на лето ќе го напушти Торино.
Ливерпул планира да му понуди нов договор на Џејмс Милнер, објави денеска весникот – „Телеграф“. Раководството на англискиот клуб ќе започне преговори со искусниот играч за врска веднаш по завршувањето на сезоната. 36-годишниот фудбалер е во плановите на менаџерот Јирген Клоп за наредниот шампионат. Актуелниот договор на играчот од средниот ред истекува на крајот од првенството. Поранешниот англиски репрезентативец, Џејмс Милнер, потпиша за Ливерпул во 2015 година. Тој во сезонава одигра 22 натпревара.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, ги сподели очекувањата за утрешниот реванш со Вилјареал во 1/2 финалето на Лигата на шампионите. „Мораме да се обидеме да победиме на гостински терен. Знаеме дека противникот ќе направи се за да се врати. Полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите никогаш не се лесни“ – вели Клоп. „Никогаш не знаеш дали ќе имаш шанса повторно да играш во полуфинале, затоа таквите прилики мора да се третираат со сета одговорност. Ако Вилјареал не победи и замине во финалето, тогаш ќе му честитаме“ – потенцирал Клоп.
Барселона е подготвена да потпише нов договор со играчот од средниот ред Нико Гонзалес , пренесува „Marca“. Договорот на 20-годишниот фудбалер истекува во 2024 година, но Барселона сака да му понуди нов до 2028 година.Нико потекнува од школата во Барселона. Тој во сезонава постигна два гола и направи две асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања. Пазарната вредност на Нико е проценета на 25 милиони евра.
Италијанскиот фудбалски стратег, Антонио Конте, денеска ги демантира шпекулациите дека ќе го напушти кормилото на Тотенхем и дека ќе замина во францускиот ПСЖ. Тој има договор со „спарси“ за уште една сезона. „Не ми се допаѓа кога луѓето се обидуваат да измислуваат вести само за да разговараат и да создаваат проблеми. Тоа не е фер“ – вели Конте. „Лажните вести ме нервираат. Сега сум фокусиран само на последните пет кола“ – вели тренерот на Тотенхем.
Програмскиот менаџер во Формула 1 на Пирели, Марио Исола, призна дека иднината на италијанската компанија во спортот е неизвесна откако ќе истече договорот на крајот на 2024 година. Пирели се врати во Формула 1 во 2011 година кога го замени Бриџстоун како единствен снабдувач со гуми. Поради пандемијата на коронавирус, изборот на нов добавувач на гуми беше одложен а договорот на Пирели беше продолжен до 2024 година. Самиот Исола потврди дека одлуката дали Пирели ќе остане во Формула 1 не е негова или на Пирели, туку на ФИА. „Аукцијата обично започнува година и половина пред истекот на договорот и завршува…
Британскиот бизнисмен, Џим Ратклиф, сака да го купи фудбалскиот клуб Челзи за 4 милијарди фунти (4,76 милијарди евра). „The Independent“, тврди, дека понудата е испратена. Познато е дека меѓу апликантите за купување на лондонскиот клуб се: конзорциум, во кој членуваат Формула 1 возачот Луис Хамилтон и тенисерката Серена Вилијамс; Косопственикот на Лос Анџелес Доџерс, Тод Боли; сопственик на НБА клубот „Бостон Селтикс“ и „Аталанта“ од Серија А, Стивен Паљука. Сите споменати треба да ги достават плановите за обнова на „Стемфорд Бриџ“ како и за финансирање на Челзи на краток и на среден рок.
