Возачот на Ред Бул во Формула 1, Алекс Албион, се обиде да објасни од каде доаѓа уникатниот стил на актуелниот шампион, Макс Верстапен.
Тој го спореди Холанѓанецот со шесткратниот светски шампион во „MotoGP“, Марк Маркез.
„Тоа е чудна споредба, ако гледате „MotoGP“, помислете на пилот како Маркез. Тој има многу специфичен стил. Брз е, многу е тешко да се копира, истото е со Макс“ – вели Албион.

