Денеска од 17.00 часот ќе биде извршена ждрепката за групната фаза за Европското првенство во ракомет за жени. Нашата селекција која ќе биде домаќин заедно со Црна Гора и Словенија ќе биде во третиот по квалитет сад. Од првиот ќе бидат извлечени фаворитите: Норвешка, Франција, Данска и Холандија. Од вториот Црна Гора (Д група), Шведска, Унгарија (А група) и Полска. Во третиот сад покрај Македонија која ќе биде домаќин на групата „Ц“, ќе фигурираат и Словенија (Б група), Хрватска, и Германија. Во последниот дел од составувањето на групите за континенталниот собир ќе ги видиме сeлекциите на Шпанија, Романија, Србија и…
Author: dino
Доцна вечер ќе започне последниот елиминациски филтер во второто по ранг натпреварување под капата на УЕФА. Во првите полуфинални пресметки во Лига Европа ќе играат Вест Хем против Ајнтрахт Франкфурт и РБ Лајпциг со Глазгов Ренџерс. За мечот во Англија се очекува дека домаќинот ќе започне со Ареола, Џонсон, Досон, Рајс, Кресвел, Сочек, Нобл, Лансини, Форналс и Антонио. За Ајнтрахт во првата постава треба да бидат: Трап, Туре, Тута, Хинтегер, Кнауф, Со, Роде, Костиќ, Камада, Линдстром и Боре. Паралелно ќе тече и мечот во Германија. Еве ги можните состави. Лајпциг: Гурачи, Клостерман, Гвардиол, Халстенберг, Хенрихс, Лајмер, Форсберг, Анџелино, Олмо, Силва,…
Денеска започнуваат полуфиналните пресметки во Конференциската лига на УЕФА. Во битката за трофејот останаа Лестер (Англија), Рома (Италија), Феенорд (Холандија) и Олимпик Марсеј (Франција). На островот од 21.00 Лестер ќе ја пречека Рома. За домаќинот треба да истрчаат: Шмајхел, Переира, Фофана, Еванс, Кастан, Медисон, Тилеманс, Хол, Барнс, Варди, Олбрајтон. За „волчицата“ се очекува да стартуваат: Патрисио, Манчини, Смолинг, Ибанез, Карсдорп, Кристанте, Мхитарјан, Залевски, Пелегрини, Заниоло и Абрахам. Вториот меч во вечерниот термин ќе го одиграат Феенрод и Олимпик Марсеј. За домаќинот во првите 11-ет треба да бидат: Марсијано, Геертруда, Траунер, Педерсен, Маласија, Орнес, Нелсон, Линсен, Кокју, Синистера и Десерс. Французите…
Една од најдобрите атлетичарки, Шели-Ен Фрејзер-Прајс, верува дека ќе има добри настапи и дека ќе соборува рекорди. Таа на крајот на минатата сезона на патеката од 100 метри на митингот во Лозана оствари резултат од 10,60 секунди. „Сакам да трчам 10,50 секунди или 10,40 секунди. Тоа е целта, мислам дека сум на добар пат“ – изјави атлетичарката од Jамајка која има три олимписки титули. Ќе потсетиме дека светскиот рекорд на патеката од 100 метри го постави Флоренс Грифит – Џојнер во 1988 година. Американката тогаш оствари резулатат од 10,49 сек.
Навивачите на Манчестер Јунајтед покажаа дека не се задоволни од настапите на Хари Мегваер откако тренерот, Ралф Рагник, објави дека стоперот веројатно ќе го пропушти крајот на сезоната. – Се надевам дека ќе отсуствува не само до крајот на сезоната, туку и наредните три“, напиша еден навивач. „Тоа е најдобрата вест во сезоната“ – беа зборовите на друг фан на „црвените ѓаволи“ напишани на социјалните мрежи. Според информациите, Мегваер има проблеми со коленото и допрва ќе треба да оди на детални лекарски прегледи.
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, признава дека среќата им се насмевна на „црвените“ на вчерашниот меч со Вилјареал во елитата на Европа. Домаќините на „Енфилд“ поведоа во 53 минута со несреќниот автогол на Шпанците а веднаш потоа искористија шанса за втор погодок и победа од 2:0. „Игравме против одлично поставен состав. Притискавме и верувавме дека ќе го скршиме нивниот отпор. Имавме среќа и успеавме да ги израдуваме навивачите. Сепак, ништо не е готово“ – потенцираше играчот на англискиот состав.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека победата од 2 спрема 0 во првиот меч со Вилјареал во полуфиналето во Лигата на шампионите не мора да значи ништо за реваншот на Пиринеите. „Имаме само 2:0, има уште цело второ полувреме во Шпанија. Резултатот е опасен и сега сме како на пауза меѓу две полувремиња“ – вели тренерот на „црвените“. „Противникот нема да се откаже. Ќе мора да бидеме максимално подготвени за вториот дуел“ – нагласи Германецот.
Весникот – „Газета Дело Спорт“, тврди, дека Милан е во напредни преговори со Сасуоло за трансфер на крилниот напаѓач, Доменико Берарди. Позицијата десно крило е дефицитарна кај „росонерите“ а токму Берарди може да ја пополни таа празнина. Неговата трансферна цена е околу 30 милиони евра. 27-годишниот фудбалер во тековнава сезона има 14 голови и 15 асистенции на 29 натпревари во Серија А.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, кој одигра одличен натпревар против Реал Мадрид и постигна еден гол за „граѓаните“, се израмни со постигнувањето на Вејн Руни. Вчерашниот гол беше 9-ти за Фуден во Лигата на шампионите со што тој стана само вториот Англичанец кој успеал да постигне толку погодоци во најпрестижното клупско натпреварување пред да наполни 22 години. Фоден има роденден на 28 мај точно кога ќе биде финалето во Лигата на шампионите.
Медиумите во Италија објавија дека Интер планира да му понуди на Паоло Дибала договор за за четири сезони со годишна плата од 6 милиони евра плус бонуси. Тоа е за еден милион помалку од сумата што ја добива напаѓачот во Јуве. Директорот на „нероаѕурите“, Џузепе Марота, се договорил со претставниците на играчот да биде известени за евентуалните понуди од странство. Аргентинецот во текот на летото дефинитивно ќе си замине од Торино.
