Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, посочи тројца играчи кои биле клучни за вчерашната голема победа на теренот на Челзи во Премиер лигата. „Најмногу се радувам за Енкетија и за неговите два гола. Знам низ што помина за да дојде до тука, – изјави шпанскиот тренер по големата победа на „Стемфорд Бриџ“. „Многу сум среќен и за Ел Нени и Роб Холдинг. Поради нивниот пристап го добивме натпреварот“ – изјави тренерот на „топчиите“ кои сега се изедначија со Тотенхем на 4 место на табелата.

Read More

ФИА донесе одлука на патеката – „Имола“ да има само една така наречена –„ДРС“ зона која ќе биде приближно на средината на стартно-целната линија започнувајќи на 60 метри пред последниот свиок на патеката. Веројатно на одлуката кумуваше дуелот меѓу Макс Верстапен и Шарл Леклер на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Тогаш двајцата искористија максимално  – „ДРС“ , но, беа приморани да забават пред наредниот свиок кога се направи и разликата. Ќе потсетиме дека Имола се врати во календарот во 2020 година а областа – ДРС започна приближно 100 метри подолу  а разликата меѓу пилотите беше откриена 40 метри…

Read More

Фудбал од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, бил навреден од односот на фановите кои го исвиркуваа додека го напушташе теренот на мечот со Норвич. „Скај Спортс“ наведува дека Французинот донел одлука да го напушти стадионот – „Олд Трафорд“ и дека неговиот агент започнал преговари со Јувентус и Реал Мадрид. Во исто време се шпекулира дека и Пари Сен Жермен испратил понуда до Погба.

Read More

Раководството на Манчестер Сити планира во договорот со Ерлинг Холанд да вклучи и посебна клаузула која ќе му овозможи да замине кога ќе посака во Реал Мадрид. Клубот од Етихад верува дека за неколку дена ќе го договори трансферот на норвешкиот напаѓач. Тој биде најскапиот играч во Премиер лигата со плата од 500.000 фунти неделно. Англискиот состав ќе и плати 64 милиони фунти на Борусија (Дортмунд) плус уште 40 милиони за провизии на агентот за трансфери, Мино Раиола и таткото на Халанд.

Read More

Фудбалерите на Силекс и на Македонија Ѓорче Петров ќе играат во финалето на Купот на 20 мај на Арената во Скопје. Кратовци во улога на бранители на пехарот успеаја во денешното полуфинале да го совладаат Пелистер во Битола со минимални 1-0 со голот на Каланоски во 36 минута. „Лавовите“ пак беа подобри изведувачи на пеналите на теренот на Струга и славеа со 4-2 откако во регуларниот дел мечот заврши без голови. Силекс е трикратен освојувач на пехарот (1994, 1997 и 2021) додека Македонија Ѓорче Петров триумфираше во 2006 година.

Read More

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, вели дека неговиот тим Алпин  ќе мора многу да вложи во болидот доколку сака да биде конкурентен во трката за шампионската титула. „Болидите на Ферари се пребрзи, сега заостануваме  0,8 секунди, дури 1 секунда во круг ако ги гледаме резултатите од квалификациите. Ќе ни треба чудо да ги стигнеме“ – вели Алонсо. „Значајно  е да продолжиме да работиме бидејќи развојот на автомобилите допрва започнува. Сè уште е можно да го направиме нашиот автомобил побрз “ – вели Шпанецот.

Read More

Голманот на Каролина, Фредерик Андерсен,  кој се повреди во текот на викендот на средбата со Колорадо во НХЛ лигата, ќе мора да паузира најмалку 10-ина дена. Тој прво ќе одмора една недела што ќе му бидат направени тестови за да се покаже дали закрепнал. Во отсуство на Андерсен на голот на Каролина ќе биде Анти Раанта а негова резерва Пјотр Кочетков кој беше ангажиран од тимот на Чикаго. Каролина е лидер во нејзината конференција со 106 бодови од 77 натпревари.

Read More

Ралф Рангник кој на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Манчестер Јунајтед и ќе ја заземе директорската позиција на стадионот – „Олд Трафорд“, најави дека ќе се направи  голема реконструкција во тимот. „Според мене, само тројца или четворица нови играчи нема да бидат доволни. Треба да се обезбедат вистински борци на различни делови од теренот“ – вели Рагник. Познато е дека во текот на летото на неколку фудбалери на „црвените ѓаволи“ ќе им истечат договорите.

Read More

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал од тренерот, Карло Анчелоти, да направи список на фудбалери кои ќе бидат ставени во текот на летото на траснсфер листата, објави весникот – „Марка“. На средбата во петокот било разговарано и за најавениот ангажман на францускиот напаѓач,  Килијан Мбапе, кој најверојатно ќе си замине од Пари Сен Жермен. Познато е дека на крајот на сезона Иско и Герет Бајл ќе ги напуштат „белите“ без обештетување додека неколку други играчи ќе бидат понудени на трансфер- пазарот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашната победа против Манчестер Сити со 3:2 и обезбедениот пласман во финалето во ФА Купот, нагласи дека играч број на теренот бил Садио Мане. „Тој одигра неверојатен натпревар. Првиот гол што го постигна и желбата да стигне таму беше навистина одлично. Вториот гол беше ремек дело“ – вели Клоп. „Црвените“ во финалето на ФА купот на Англија ќе играат со победникот од денешниот меч меѓу Челзи и Кристал Палас.

Read More