Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, вели дека неговиот тим Алпин ќе мора многу да вложи во болидот доколку сака да биде конкурентен во трката за шампионската титула.
„Болидите на Ферари се пребрзи, сега заостануваме 0,8 секунди, дури 1 секунда во круг ако ги гледаме резултатите од квалификациите. Ќе ни треба чудо да ги стигнеме“ – вели Алонсо.
„Значајно е да продолжиме да работиме бидејќи развојот на автомобилите допрва започнува. Сè уште е можно да го направиме нашиот автомобил побрз “ – вели Шпанецот.