ФИА донесе одлука на патеката – „Имола“ да има само една така наречена –„ДРС“ зона која ќе биде приближно на средината на стартно-целната линија започнувајќи на 60 метри пред последниот свиок на патеката.
Веројатно на одлуката кумуваше дуелот меѓу Макс Верстапен и Шарл Леклер на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Тогаш двајцата искористија максимално – „ДРС“ , но, беа приморани да забават пред наредниот свиок кога се направи и разликата.
Ќе потсетиме дека Имола се врати во календарот во 2020 година а областа – ДРС започна приближно 100 метри подолу а разликата меѓу пилотите беше откриена 40 метри по излегувањето од 18-от свиок.